imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новиот JBL GO 2 – музика која можете да ја носите секаде со себе


JBL GO е мал и пренослив Bluetooth звучник кој прв пат беше претставен во 2015 година. Од тогаш е продаден во 10 милиони примероци со што го оправда верувањето на своите дизајнери дека ќе биде одличен избор за сите оние кои сакаат добар звук по пристојна цена.

Три години подоцна се појави и неговиот наследник JBL GO 2 со унапреден квалитет во звукот и смел дизајн. Овој водоотпорен, компактен и ултра пренослив Bluetooth звучник го претставија во јануари 2018 на саемот CES во Лас Вегас. Од јуни оваа година достапен е и на македонскиот пазар.

Новата генерација на омилениот JBL GO звучник сега произведува повеќе звук за разлика од претходно, а пакувањето остана во оквирот на големината на една просечна дланка. Со можност за слушање на музика до 5 часа и унапреден квалитет на звукот. JBL GO 2 е еден идеален звучник за сите оние корисници кои се во потрага за музика која можат да ја носат секаде со себе и едноставно да ракуваат со нејзе. За оние пак кои тражат повеќе од малиот пренослив звучник, JBL GO 2 доаѓа со noise-cancelling микрофон. Сега корисниците ќе можат и да телефонираат поради кристално јасниот звук и едноставното поврзување на својот паметен телефон и JBL GO 2, преку Bluetooth.

Благодарејќи на новиот водоотпорен IPX7 дизајн, на корисниците им е овозможено JBL GO 2 да го носат на базен, плажа или пак на тераса, а притоа да останат без грижи поради прскањето со вода или непосакуваното паѓање во вода.

Достапен е во неколку бои и обликуван е во коцка со заоблени ивици. Новиот JBL GO 2 е звучник кој го претставува новиот и модерен дизајн кој секој би го посакал.

Накратко за JBL GO 2:

  • Безжично пуштање на музика преку Bluetooth од било кој паметен мобилен телефон
  • IPX7 водоотпорен: без грижи за напрскување од вода
  • Микрофон: вграден микрофон со функција за поништување на шум за кристално јасни телефонски разговори
  • Батерија: вградена Li-ion батерија која поддржува до 5 часа слушање на музика
  • AUX IN поврзување: ќе им овозможи на корисниците пуштање на музика преку кабел

Откако беше пуштен овој звучник првите корисници не штедеа пофални зборови. Исто така не треба ни да ја заборавиме пристојната цена на овој СУПЕР МАЛ ЗВУЧНИК која чини само 2.190 МКД.
Заинтересираните можат да го купат овој звучник онлајн преку интернет продавницата на iSTYLE преку следниот ЛИНК.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!