imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новиот MacBook физички го исклучува микрофонот кога е затворен


Само што е откриена една од новите сигурносни функции на чипот T2, бидејќи Apple детално ги забележа сите функции на приватност на новиот MacBook Air. Накратко, им се забранува на неавторизираните лица или апликации да ги прислушкуваат вашите разговори.

На многу лаптопи можете да видите навистина нималку елегантни решенија за покривање на камерата. Фластери, post-it ливчиња и изолир траки се некои од најчестите опции. Меѓутоа, токму тоа е причината зошто LED светлото е вградено во компјутерите – поврзано е на истиот струен круг како и камерата, па се вклучува истовремено со вклучување на камерата, предупредувајќи ве дека камерата е вклучена.

Меѓутоа, интересно е како никој не се труди да го исклучи или онеспособи микрофонот, иако политиката досега не научи дека покрај компромитирачки видео снимки, постојат и аудио снимки. Само замислете колку чувствителни информации можат да бидат изречени пред компјутерот кој е вклучен цел ден. Па, се испостави дека Apple внимателно размислувал за тој проблем при развивањето на T2 чипот.

Имено, во документацијата на новиот Retina MacBook Air можете да прочитате се за функциите на приватност кои ги поддржува овој чип. Според ова, микрофонот физички се исклучува кога корисникот ќе го затвори компјутерот. Исто така, ниту една програма не може да се пробие на овој начин.

Ова исклучување е врзано исклучиво за хардверот, со што се спречува било кој софтвер – дури и со коренски или кернелски овластувања во macOS, или пак софтверот на T2 чипот – да го активира микрофонот додека компјутерот е затворен”, истакнато е во упатствата.

Apple исто така додаде дека камерата не се исклучува на хардверско ниво, бидејќи нејзиното видно поле е целосно прекриено кога компјутерот е затворен. Наводно, оваа безбедносна функција е присутна во секој уред со T2 чип.

Извор: The Hacker News

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.