imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Новите iPhone уреди би можеле да имаат Lightning конектор


И 5W адаптер. Иако овие информации врзани за полнењето на уредите кои ги очекуваме во 2019. година се неочекувани, доаѓааат од блогот Mac Otakara, па би можеле да бидат вистинити. Но, која е причината во позадина на оваа одлука?

Гласините за менување на Lightning конекторот со USB-C влез кружат уште од најавата на iPhone X, а се појавуваа и пред лансирањето на трите уреди во 2018. година. Веќе пишувавме за можните последици на таа одлука за компанијата, но и за корисниците. А потоа, ни во 2017., ни ви 2018. немаше USB-C влез.

Но, iPad Pro ја доби оваа надградба, што може да се смета за голема промена. Ако целата линија на iPad премине на USB-C конектор, iPhone ќе остане последната црта на одбрана на Lightning конекторот. Токму затоа, претпоставуваме дека годинашните модели би го задржале тој единствен влез, без оглед на потешкотиите со компатибилноста. Но, наместо оригиналниот 5W USB-A адаптер, би можел да пристигне 12W USB-C адаптер во пакет со USB-C до Lightning кабел.

Тоа е наводно совршен компромис. Од една страна, со тоа би се решил проблемот на компатибилност на најновите MacBook и iPhone модели. Од друга, би можел да се користи за брзо полнење, кое е достапно на iPhone уредите веќе повеќе од една и пол година, но ниту еден од деловите на оригиналниот пакет нема поддршка за таа опција.

Па, според најновите вести од блогот Mac Otakara, ниту еден од овие опишани сценарија нема да се оствари и годинашните модели ќе продолжат по старо.

Значи, iPhone уредите нема да имаат USB-C влез, ниту 12W USB-C адаптер за полнење. Пред овие информации да ги отфрлите како обични гласини, мораме да истакнеме дека овој јапонски блог има одлични врски со снабдувачите и дека се еден од најдоверливите извори на вести врзани со Apple. Сепак, тоа не значи дека работите нема да се променат…

Најважно е прашањето зошто Apple би се одлучил на тој чекор. Ние имаме неколку објаснувања. За почеток, се работи за одличен извор на заработка: Lightning додатоците и MFi програмата донесуваа приход за компанијата. Потоа, Lightning конекторите се потенки, што може да биде важно за иднината. Преминот на USB-C би можел да значи дека iPhone уредите повеќе нема да бидат потенки. А додека Jony Ive одлучува за дизајнот, не гледаме дека ова сценарио би можело да се оствари.

Иако сето тоа можеме да го разбереме, некако не можеме да најдеме доволно добро објаснување за изостанок на 12W USB-C адаптер…

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.