imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новите iPhone уреди имаат еден адаптер помалку


Не затоа што повеќе не ни треба, туку затоа што Apple едноставно не го вклучи во пакувањето. Верувам дека погодувате на кој адаптер мислам…

Иако тоа не го нагласија во текот на презентацијата, на овонеделниот Keynote откриени се очекувани, но и натаму шокантни промени врзани за iPhone.

Во септември 2016. година, Apple конечно го отстрани класичниот влез за слушалки од iPhone, најавувајќи безжична иднина. Тоа, секако, шокираше поголем дел од корисниците, посебно затоа што се работеше за навистина невин конектор.

Гледано од денешна перспектива, овој потег се покажа оправдан, бидејќи поголем дел од другите компании го направија истото за да добијат повеќе слободен простор во внатрешноста (дури и Google, иако беше најгласен кога сите му се смееја на Apple). Со време, поголем дел од корисниците сфатија дека има живот и без 3,5-милиметарскиот аудио влез.

Меѓутоа, за навистина да ја прифатиме новонастанатата ситуација, секоја кутија од iPhone уредите мораше да содржи соодветен адаптер. Така сите беа среќни – дел од корисниците можеа да продолжат нормално да слушаат музика, а дел почнаа да уживаат во предностите на безжичните слушалки.

Па, се чини дека се работеше само за двогодишен период на прилагодување, и дека Apple заклучи дека е крајно време да ја прифатиме безжичната реалност:

3,5-милиметарскиот Lightning адаптер повеќе нема да биде вклучен во пакувањето на новите iPhone уреди.

Беше очекувано дека овој момент ќе дојде порано или подоцна, но не можеме да кажеме дека скокаме од среќа.

Што мислите вие? Дали веќе се простивте со 3,5-милиметарскиот влез или и понатаму редовно го користите?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.