imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Објавен е iOS 11.4.1


Пристигна новата официјална надградба на iOS 11, iOS 11.4.1. Не треба да очекувате револуционерни иновации пред пристигнувањето на iOS 12, но дотогаш барем ќе бидат поправени некои грешки.

Не заборавија на вообичаените поправки на грешки и подобрувања, но новиот надграден систем овозможува решение за проблемот што влезе во системот со iOS 11.3. Оние iPhone 8 уреди кои беа накнадно изработени со резервни екрани, многу пати не реагираа на допир по ажурирањето.

Големината на претстојните надградби може да се разликува според моделот, но треба да очекувате помеѓу 200-300MB.

Apple го вели следното за надградбата:

iOS 11.4.1. вклучува исправка на грешките и ја подобрува безбедноста на вашиот iPhone или iPad:

  • Ја коригира грешката што спречуваше некои корисници да ја идентификуваат последната позната локација за AirPods во функцијата Пребарување на вашиот iPhone.
  • Ја подобрува синхронизацијата на сметките на Exchange со мејловите, контактите и белешките

За да дознате повеќе за безбедноста на софтверските надградби на Apple, посетете ја следната веб-страница.

Вашиот уред можете да го надградите преку Settings > General > Software Update. Како и обично, паралелно со iOS 11, и другите системи исто така се ажурирани. Иако овој пат macOS не доби надградба, watchOS и tvOS добија, а ажуриран е и софтверот на HomePod. Ајде да ги надградиме системите!

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Совесните корисници можат да ги направат и двете.

iOS 11.4.1 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″ (двете генерации), шестата генерација на iPod touch.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!