imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Објавен е iOS 12.1.1


Новите карактеристики ги вклучуваат Haptic Touch функциите, дополнитеалните eSIM услуги и секако, исправка на грешки. Веднаш преземете го!

Иако iOS 12 требаше да биде помалку револуционерно ажурирање, всушност содржи многу интересни нови функции. Како воодушевувачкото подобрување на брзината на постарите уреди, новите AR функции, неколку изворни апликации кои се редизајнирани, Digital Health статистика, надградба на FaceTime, групирани известувања и новите и подобрени алгоритми на апликацијата Photos.

Уште од лансирањето во септември, првата голема надградба веќе пристигна и донесе мал фејслифт.

Apple го вели следното за оваа надградба:

iOS 12.1.1 додава карактеристики и ги поправа грешките на вашиот iPhone и iPad. Во одликите спаѓаат:

  • Преглед на известувањата со помош на haptic touch на iPhone XR.
  • Dual SIM со eSIM за iPhone XR, iPhone XS и iPhone XS Max.
  • Со еден допир се менуваат предната и задната камера при FaceTime повиците.
  • Правење фотографии во живо во текот на еден-на-еден FaceTime повиците.
  • Опцијата да се скрие sidebar при вертикалната ориентација на News на iPad.
  • Допишување во реално време (RTT) при употреба на Wi-Fi повици на iPad и iPod touch.
  • Подобрување на стабилноста за диктираање и VoiceOver.

Поправките на грешки вклучуваат:

  • Поправка на проблеми каде што Face ID привремено станува недостапен.
  • Го решава проблемот кој спречува визуелната гласовна пошта да презема, за некои корисници.
  • Го поправа проблемот во апликацијата Messages кој би можел да ги спречи предиктивните текст подлоги при пишување на кинеската и јапонската тастатура.
  • Го решава проблемот кој би можел да го спречи вчитувањето на Voice Memos снимките на iCloud.
  • Ја поправа грешката поради која временските зони автоматски не се ажурираа.

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Грижливите корисници можат да ги направат и двете.

iOS 12 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, шестата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″ (двете генерации), шестата генерација на iPod touch.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.