imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Објавен е iOS 12.1.2


Всушност се работи за помала исправка на грешки, со фокус на проблемот со активација на eSIM. Само напред!

Иако iOS 12 требаше да биде помалку револуционерно ажурирање, всушност содржи многу интересни нови функции. Како воодушевувачкото подобрување на брзината на постарите уреди, новите AR функции, неколку изворни апликации кои се редизајнирани, Digital Health статистика, надградба на FaceTime, групирани известувања и новите и подобрени алгоритми на апликацијата Photos.

Уште од лансирањето во септември, првата голема надградба веќе пристигна и донесе мал фејслифт.

Apple го вели следното за оваа надградба:

iOS 12.1.2 вклучува исправка на грешки за вашиот iPhone. Оваа надградба:

– Ги исправа грешките со активација на eSIM за iPhone XR, iPhone XS и iPhone XS Max.

– Го препознава проблемот кој може да го загрози мобилното поврзување во Турција за iPhone XR, iPhone XS и iPhone XS Max.

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Грижливите корисници можат да ги направат и двете.

OS 12 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, шестата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″ (двете генерации), шестата генерација на iPod touch.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.