imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Објавен е iOS 12.3


Главни ликови се редизајнираната апликација Apple TV со поддршка за AirPlay 2, но донесува и неколку нови функции и поправки.

Иако iOS 12 требаше да биде посуптилна надградба, донесува многу интересни функции. На пример, одлично зголемување на перформансите на старите уреди, нови AR функции, редизајнирани зададени апликации, статистики врзани за Дигиталното здравје, надградби на FaceTime, групирање на известувањата и нови и напредни алгоритми на апликацијата Photos.

Apple сега го лансираше третото големо ажурирање на системот претставен во септември минатата година. Ова донесува добри вести за сопствениците на паметните телевизори, кои имаат поддршка за AirPlay 2.

AirPlay е технологија на Apple за безжичен стриминг, која им овозможува на корисниците да пренесуваат содржини од своите уреди на Apple TV и другите поддржани уреди. На пример, ви овозможува да слушате музика од iPhone преку звучен систем.

iOS 12.3 вклучува поддршка за телевизорите со овозможен AirPlay 2, ја донесува редизајнираната апликација Apple TV и решава одредени проблеми.

AirPlay 2

  • AirPlay 2 сега поддржува делење на видеа, фотографии, музика и други содржини од iPhone и iPad директно на паметниот телевизор со AirPlay 2.
  • Доволен е еден допир автоматски да отворите ТВ канал или филм на последниот екран кој сте го користеле врз основа на локацијата и времето.
  • Функцијата Siri Suggestions за гледање филмови и ТВ канали сега вклучува и опција за AirPlay.
  • Паметните предлози се вршат на самиот уред и не влијаат на вашите лични податоци.

Апликацијата Apple TV

  • Апликацијата Apple TV има нов дизајн кој ги нагласува избраните колекции и персонализирани препораки.
  • Претплатата на каналите на Apple TV може да се дели помеѓу максимално шест членови на семејството, без потреба од посебни апликации, сметки и лозинки.
  • Новите филмови се достапни за изнајмување и купување во апликацијата Apple TV, вклучувајќи го и каталогот со преку 100.000 филмови и најголем избор на 4К HDR наслови.
  • Новиот оддел за деца ви помага да ги откриете посебно избраните програми и филмови наменети за децата од сите возрасти.
  • Апликацијата Apple TV сега може да предложи поврзување со достапните Apple TV уреди и телевизори со овозможен AirPlay 2.

Ажурирањето донесува и поправки на грешки и унапредувања. 

  • Табот Apple Music’s For You сега се ажурира неколку пати дневно, предложувајќи ви музика според жанрови, изведувачи и атмосферата која ја сакате.
  • Поправка на грешка која оневозможуваше управување со видео и јачината на гласот преку далечинскиот управувач на Apple TV.
  • Решен е проблемот поради кој се прекинуваа некои повици воспоставени преку Wi-Fi мрежата.
  • Решен е проблемот поради кој информаците за песната од поврзан iPhone не се појавуваа на екранот во автомобилот.

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Грижливите корисници можат да ги направат и двете.

iOS 12.3 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, шестата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″ (двете генерации), шестата генерација на iPod touch.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.