imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Објавена е деветата Beta верзија на iOS 12


Една недела откако седмата Beta верзија беше откажана и 5 дена од објавувањето на осмата Beta верзија, сега веќе е објавена и деветата iOS 12 Beta верзија. Земајќи во обзир дека само неколку мали промени се направени, не ја исклучивме можноста ова да биде и последната Beta верзија пред официјалното објавување на iOS 12.

Како и да е, iOS 12 треба да биде софтвер со надоградувања од низок профил. Истиот ќе содржи многу нови и интересни карактеристики. Како што е неверојатниот “power boost” на постарите уреди, нови AR функции, редизајн на неколку веќе постоечки апликации, Digital Health статистика и Facetime надоградувања. Тука се и групираните известувања или како што се новите и напредни алгоритми на апликацијата Photos.

Системот е моментално достапен во Beta верзијата, а официјалната верзија се очекува да биде објавена на есен. До тогаш само програмерите и авантуристите ќе можат да ги испробаат новите карактеристики на овој софтвер. Не заборавајте дека Beta софтверот е само Beta. Различни верзии може да содржат багови па поради тоа и не е многу препорачливо. Можете да ја инсталирате Beta верзијата доколку уредот не е во секојдневна употреба.

Истражувајќи ги новите карактеристики и опции, истите предизвикаа проблеми на оние кои нужно ги бараа промените. Практично, визуелни промени не се откриени, единствено што анимациите се по нежни од претходните. Сепак, iOS 12 полека ја доловува својата финална верзија, а останаа да бидат направени само неколку крајни промени.

Сите овие промени доаѓаат до степен до кој колегите од Appleinsider веруваат дека ова можеби е последната Beta верзија на системот – GM (Golden Master) ова е последната Beta верзија пред објавувањето на офцијалниот софтвер. Како и да е, според нашето знаење, од првото објавување, системот беше исклучително стабилен и тоа не се промени со текот на времето. Поради ова ние имаме причини поради кои веруваме дека истото нема да се промени и се надеваме дека нема да дојде до проблеми пред официјалното објавување кое е предвидено за еден месец.

Среќните околности се што оваа верзија е достапна за сите корисници во Beta програмата. Заедно со iOS 12 и друѓи оперативни системи се надоградени. Вреди да им дадете шанса доколку и таму ја користете Beta верзијата.

Како и да е, оваа надоградба не би требало да предизвика губење на податоците. Сепак направете си услуга и не обидувајте се да ја измамите “смртта”. Направете безбедносна копија на Вашите податоци на Вашиот iPhone или iPad. Истото  можете да го направите преку iCloud или преку iTunes на Вашиот компјутер. Претпазливите корисници можат оваа безбедносна мерка да ја направат и на двете места.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.