imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Објавена првата јавна бета верзија на macOS Catalina


По iOS 13 и iPadOS, еве ја и новата верзија на macOS за сите кои сакаат да се ослободат од iTunes и да почнат да го тестираат новиот систем. Сите други оперативни системи можат да се отворат само со покани и во оваа бета фаза.

Како што веќе пишувавме, Apple ги објави јавните бета верзии на iOS 13 и новиот iPadOS. Сега е тука и најновата верзија на OS за Mac компјутерите, macOS Catalina.

Но, далеку поголема промена е дека наместо iTunes сега ќе ги имаме Music, Podcasts и TV апликациите, а ќе можете да управувате со својот смартфон преку страничната лента на Finder. Добро познатата функција Screen Time исто така е прилагодена за macOS, а и апликацијата Photos сега е редизајнирана.

Ако сакате да го употребувате iPad како дополнителен екран, можете да го поврзете со Mac преку функцијата Sidecar на iPadOS и macOS Catalina.

Меѓутоа, запаметете дека се работи за бета верзија!

Тоа значи дека можат да се јават сериозни проблеми, па инсталацијата не им се препорачува на сите корисници. Дефинитивно треба да направите сигурносна копија на сите ваши податоци. Најдобро е сепак да ја почекате финалната верзија на системот, која ќе пристигне во септември.

Како да ја инсталирате јавната бета верзија на macOS Catalina

Чекор 0: Направете безбедносна копија! Немојте да го прескокнете овој чекор – тоа е клучно ако во некој момент посакате да се вратите на постарата верзија на системот.

  • Отворете ја страницата beta.apple.com во вашиот интернет прегледник.
  • Пријавете се со вашиот Apple ID и притиснете Get Started.
  • На следната страница прочитајте ги условите на користење и прифатете ги.
  • Потоа изберете го macOS на листата на четири достапни системи и притиснете „Enroll your Mac“.
  • Преземете го фајлот, а потоа следете ги зададените чекори.

macOS Catalina е компатибилен со следните уреди:

Mac mini од 2012. и подоцна, MacBook Pro од 2012. и подоцна, iMac од 2012. и подоцна, Mac Pro од 2013. и подоцна, MacBook од 2015. и подоцнаi, iMac Pro од 2017. и подоцна.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.