imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Објавена шестата бета верзија на iOS 12


Лансирана е следната бета верзија на системот, шеста по ред. Системот се ближи до својот конечен облик, а оваа верзија донесува нови функции и некои поправки на грешки.

Иако iOS 12 требаше да биде помалку револуционерно ажурирање, тоа содржи многу интересни нови функции. Како воодушевувачкото подобрување на брзината на постарите уреди, новите AR функции, неколку изворни апликации кои се редизајнирани, Digital Health статистика, надградба на FaceTime, групирани известувања и новите и подобрени алгоритми на апликацијата Photos.

Системот мометно е достапен како бета верзија, а официјалното лансирање се очекува оваа есен. Дотогаш, само програмерите и авантуристите имаат прилика да ги испробаат новите функции. Имајте на ум дека бета верзијата е само бета. Различните верзии можат да содржат грешки, поради тоа не е препорачливо да се инсталира бета верзија на уредот кој го користите секој ден.

Оваа бета верзија донесува уште непознати нови функции, а Apple тврди дека се работи за безбедносна надградна. Претходните бета верзии ги содржат следните нови функции во однос на првата верзија:

  • Апликацијата Podcasts сега го прикажува индикаторот Now Playing на поглавјето кое моментно го слушате (поддршката за поглавја е новина во iOS 12).
  • Нов почетен екран за надградената апликација Voice Memos.
  • Нов почетен екран за Screen Time во Поставките, со Down Time наведување на родителите.
  • Нов launcher за Shortcuts во Spotlight.
  • iPad апликациите исклучиво за iPhone сега работат на iPhone 6 верзијата наместо на iPhone 4  верзијата.
  • Икона за локација на софтверот во статусната лента.
  • Отстранети се Time Travel референците од апликацијата Watch.
  • Опцијата Clear All Notifications сега има скокачка анимација.
  • Сега сите известувања можат да се отстранат со еден потег (како во iOS 11).
  • Apple Watch Face Gallery сега ги истакнува само новите Siri надградби на лицето на часовникот (претходно се прикажуваа WatchOS 4 лицата)
  • Редизајнирана е апликацијата Voice Memos за iPad.
  • Доработен е ефектот на избор на FaceTime.
  • Се чини дека CarPlay е поправен кога се користат бочната и задната камера.
  • Апликацијата Watch сега прикажува апликации од трети страни кои работат со Siri лицето на часовникот.
  • 11 стикери за апликацијата Activity кои не бараат Special Challenge за отворање.
  • Предлози за автоматско ажурирање на iOS во текот на поставување на уредот.
  • Уште нови Activitu стикери во Пораките.
  • Решен проблемот на прилагодување на позадината.
  • Употребата на мобилниот сообраќај сега е организирана според најголемата потрошувачка на податочниот сообраќај, а не абецедно.
  • Преуредени икони за вежбање во апликацијата Activity.
  • 1x/2x за iPhone апликациите на iPad сега има стрелки за проширување.
  • Animoji имаат повеќе опции за стилот на усните, боите на образите имаат нов сјај.
  • Здравјето на батеријата повеќе не е означено како бета.
  • Подобрена презентацијата на Screen Time
  • Почетен екран за Фотографии.
  • Прабарувањето по стихови во Apple Music сега е воведено и во Search.
  • FaceTime има нови звуци за воспоставување и прекинување на повици.

За среќа, оваа верзија веднаш им е достапна на сите, па нема да мораме да ја чекаме јавната верзија. Покрај iOS 12, ажурирани се и другите оперативни системи, па вреди да им пружите прилика ако користите бета верзија на тие системи.

Иако оваа надградба не би требало да предизвика губење на податоците, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете сигурносен бекап на сите податоци од вашиот iPhone и iPad. Сите податоци можете да ги сместите на својата iCloud сметка, или на компјутерот преку iTunes. Грижливите корисници можат да ги направат и двете.

iOS 12 е достапен за следните уреди: iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, петтата генерација на iPad, шестата генерација на iPad, iPad Air, iPad Air 2, iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4, iPad Pro 9.7″, iPad Pro 12.9″ (двете генерации), шестата генерација на iPod touch.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!