imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Објавени се првите јавни бета верзии на iOS 13 и iPadOS


Како и минатата година, јавната бета верзија на новиот iOS и неодамна претставениот iPadOS малку подранија. Немаме причини да се жалиме, посебно затоа што програмерите кои веќе ги испробаа овие системи јавуваат дека се добро функционира!

Новиот iOS 13 има многу нови функции, како долго очекуваниот Dark Mode начин на работа, обновената апликација Photos, новата Sign in with Apple функција (која се уште не е достапна), редизајнираната апликација Find My, понапредната и попаметна Siri итн.

И додека новостите на iOS 13 не радуваат, вистинско изненадување на неодамна одржаниот Keynote е токму iPadOS. Новиот оперативен систем на iPad вклучува редизајниран почетен екран, покорисен поделен поглед, подобра интеграција на Apple Pencil, понапредно управување со фајлови, и најдоброто од се, функцијата Sidecar. Таа ви овозможува поврзување на iPad со Mac како секундарен екран.

Apple досега ги објави јавните бета верзии на iOS 13 и iPadOS, а тие се идентични на втората програмерска бета верзија, која беше објавена минатата недела. Според првите реакции, системот делува прилично стабилен.

Меѓутоа, запаметете дека се работи за бета верзија!

Тоа значи дека можат да се јават сериозни проблеми, па инсталацијата не им се препорачува на сите корисници. Дефинитивно треба да направите сигурносна копија на сите ваши податоци. Најдобро е сепак да ја почекате финалната верзија на системот, која ќе пристигне во септември.

Како да ја инсталирате јавната бета верзија на iOS 13

Чекор 0: Направете безбедносна копија! Немојте да го прескокнете овој чекор – тоа е клучно ако во некој момент посакате да се вратите на постарата верзија на системот.

Потоа:

  • Отворете Safari на вашиот iOS уред и одете на страницата beta.apple.com.
  • Пријавете се со вашиот Apple ID и притиснете Get Started.
  • На следната страница прочитајте ги условите на користење и прифатете ги.
  • Потоа изберете го iOS на листата на четири достапни системи и притиснете „Enroll your iOS Device“.
  • На следната страница изберете „Download Profile“ и притиснете Allow на сите скокачки прозорци кои ќе се појават.
  • Влезете во Поставките на својот iOS уред и тука пронајдете ја ознаката за преземениот профил на врвот на листата. (Ако не се појави, повторно стартувајте го својот уред).
  • Притиснете Инсталирај во горниот десен агол и внесете ја својата лозинка. Повторно притиснете Инсталирај, а потоа изберете повторно стартување во скокачкиот прозорец.
  • Кога уредот повторно ќе ви се вклучи, одете на Settings / General / Update software и инсталирајте ја достапната бета верзија на iOS 13.

iOS 13 е компатибилен со следните уреди: 

iPhone SE, iPhone 6S, iPhone 6S Plus, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, iPhone XS, iPhone XS Max, iPhone XR.

iPadOS 13 е компатибилен со следните уреди: 

iPad Pro 9,7”, iPad Pro 12,9”, iPad Air 2, iPad mini 4, трета генерација iPad Air, петта генерација iPad mini, петта и шеста генерација iPad, втора генерација iPad Pro 10,5”, втора генерација iPad Pro 12,9”, трета генерација iPad Pro 11” и трета генерација iPad Pro 12,9”.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.