imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Објавено е дијамантско издание на се уште ненајавените iPhone уреди


Ова би можело да биде огромно олеснување за сите оние кои зaработиле милиони од нафтениот бизнис…

Од некоја мистериозна причина, постојат општествени слоеви кои се дефинираат со создавање на различните секојдневни алати и предмети од злато или било кој вид скапи драгоцени метали и материјали.

Фактот дека златниот iPhone се лансира баш секоја година ни овозможиме да претпоставиме дека на пазарот и натаму постои побарувачка за такви уреди. Зошто би било одлично кога сите би имале iPhone направен од злато? Не знам, бидејќи мојот не е, и тоа не само затоа што немам пари за тоа.

Овој феономен не е несфатлив само поради парите. Ако ја проверите периодичната табела, можете да видите дека густината на злато по сантиметар изнесува 19.3 грама, додека густината на алуминиум е 2.7 грама по сантиметар. Со други зборови, истиот волумен на злато тежи 7 пати повеќе од алуминиумот. Така што телефоните нема само да изгледаат смешно, туку ќе бидат и значително потешки од оригиналниот уред.

Но, доволно приказни за лошите страни. Тоа е само огорчената средна класа која зборува од мене. Да се фрлиме на работа. Иако Apple се уште не ги претстави новите iPhone уреди, другите производители веќе го известија светот:

Не грижете се, златното издание е на пат…

Меѓутоа, не се работи само за злато, туку и за керамика, па дури и за дијаманти, можете да имате се, дури и до егзотичната змиска кожа. Единствената работа која е важна е тоа дека ќе биде многу скапо. Основниот модел за оние “сиромашни” изработен со помош на позлатен, бисерен заден дел и сочинет од 20 дијамант доаѓа со почетна цена од 5.420 долари.

Но, постои и “многу ретка” карбонска верзија која е слична на технологијата која се користи за изработка на Lamborghini која можете да ја купите за 9.995 долари. А во овој момент нема враќање, можеете да ја имате најелегантната верзија, изданието од керамика и злато за 12.995 долари, кое очигледно и е наменето на горната класа.

Единствено што целата оваа работа би можело да ја направи посмешна е кога Apple би ја подигнал летвичката и би ги продавал своите производи по уште повисоки цени, со тоа убивајќи ги овие луксузни уреди. Не заборавете: стратегијата на Apple за одредување на цени е опасна.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.