imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Obscura: Фантастична бесплатна апликација за фотографии!


Во App Store можете да пронајдете многу апликации за фотографии, иако меѓу нив има малку кои можат да се користат елегантно и интуитивно како Obscura. Сега можете бесплатно да ја преземете!

Замислете да можете да фрлите камен во App Store – сигурно би погодиле некоја апликација за фотографирање. И тоа е сосема во ред. Колку е поголем изборот, толку е поголема веројатноста дека ќе најдете некоја баш по свој вкус. Мој фаворит е Halide, бидејќи платформата е слична на онаа задедената во iOS, но во многу аспекти е попаметна.

Obscura е еднакво квалитетна платформа, но има поинаков пристап. Апликацијата неодамна помина опсежно ажурирање, а има и поддршка за iPad. Нема да влегувам во детали за што е се способна и го имаме вообичаениот пакет на функции: рални поставки, RAW фотографии, филтри и слично. Мене лично ми се допаѓа менито од кое можете брзо да им пристапите на сите постапки.

Меѓутоа, поентата на овој текст не е да се пишува за ажурирањето, туку за тоа дека оваа апликација може бесплатно да се преземе во апликацијата Apple Store (иако оваа акција не се однесува на IAP). За почеток, треба да ја преземете Apple Store, а потоа во табот Account да го поставите регионот на United States (оваа промена нема да влијае на останатите поставки). Потоа одете на табот Discover на дното на интерефејсот и побарајте ја апликацијата Obscura. Потоа следете ги чекорите додека не дојдете до Reedem кодот – потоа ви преостанува само да го притиснете за бесплатно да ја преземете апликацијата.

Побрзајте, бидејќи не знаеме колку долго ќе трае оваа акција!

Извори: 9to5mac, 9to5mac 2

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.