imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Очекувано време на претставување на годинашните iPhone уреди


Како се повеќе се доближуваме до последните недели од летната сезона, така и iPhone треската го достигнува својот врв; што ќе претстави Apple година и кога точно? Имаме неколку информации да споделиме за тоа што ќе претстават, но постојат и неколку втемелени претпоставки во врска со точниот датум.

Месец септември е дефинитивно поврзан со iPhone уредите. Септември ги радува технолошките новинари и корисници веќе 11 години, и во тоа време, интернетот е полн со вести и сите се насочени на Apple. Но, кога можеме да ја очекуваме најавата на iPhone уредите за 2018.?

Во поголем дел од случаите, Apple строго се држи до правилата кога се работи за важните настани. Оние кои внимателно обрнуваа внимание можеа да забележат дека тимот од Купертино во последно време сака да ги објавува ажурирањата на софтверот во вторник, а дека во текот на последните 6 години, претставувањето во септември се одржуваше воглавно во среда или вторник.

Покрај тоа, исто така можеме да откриеме дека во истиот период iPhone уредите воглавно биле претставени во првите две недели на септември, така што кругот можеме да го сведеме на 4 датуми: 4-ти, 5-ти, 11-ти и 12-ти септември. Исто така, овој круг можеме да го ограничиме и на Labour Day, што секогаш се паѓа на првиот понеделник во септември.

Во текот на изминатите 6 години, кога овој ден се паѓаше на 3. септември или порано, компанијата ја одржуваше презентацијата еден ден потоа. Ако се паѓаше на 5. септември или подоцна, тогаш следната среда беше големиот ден.

Претставувањата од минатите години се одржаа на следните датуми:

  • iPhone 8/8 Plus (2017) – 12. септември, вторник
  • iPhone 7/7 Plus (2016) – 7. септември, среда
  • iPhone 6S/6S Plus (2015) – 9. септември, среда
  • iPhone 6/6 Plus (2014) – 9. септември, вторник
  • iPhone 5S (2013) – 10. септември, вторник
  • iPhone 5 (2012) – 12. септември, среда

Бидејќи годинашниот празник на работа е на 3. септември, а следејќи го трендот од минатите години, доаѓаме до заклучок дека нашиот датум веројатно ќе биде 11. или 12. септември. 11. септември се смета за култен датум во американската историја и тој ден печаток воглавно се занимава со комеморација, така што предвидуваме дека 12. септември би можел да биде големиот датум.

Извор: CNET

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!