imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Од сега можете да ги бришете пораките во Facebook Messenger


Ќе имате 10 минути да се предомислите и да ја избришете испратената порака. Така нема повеќе да ја видите ни вие, ни несудениот пријател.

Пред отприлика една година е откриено дека Mark Zuckerberg има одредени привилегии на својата платформа. Имено, многумина негови соговорници рекоа дека некои пораки, кои им ги испраќа, мистериозно исчезнуваат. Поради тоа, таткото на Facebook по некое време призна дека

на неговите пораки може да истече рокот и дека можат да се избришат.

Оваа функција е воведена поради сигурносни прилини, откако Sony Pictures во 2014. година влезе во проблеми поради историјата на допишување. Меѓутоа, откако беше откриено што може Zuckerberg, луѓето почнаа да бараат еднакви права и можности и нивните испратени пораки волшебно да исчезнуваат. Поради тоа, Facebook вети дека ќе ја воведе опцијата на поништување на испратените пораки, а Zuckerberg се заколна дека повеќе ништо нема да брише.

Сега, девет месеци подоцна, новата функција е родена и достапна им е на сите корисници на Facebook Messenger. Ако сакате да да ја избришете несаканата порака од историјата на допишување на двата соговорника, морате да го направите следното:

  • Држете ја притисната пораката која сакате да ја избришете.
  • Изберете ја опцијата Remove.
  • Потоа изберете дали сакате да ја отстраните само од својот преглед на пораки или и од прегледот на пораките на примателот.

За да ја отстраните пораката и од thread-от на примателот, имате 10 минути – целта, секако, е да се спречи можната злоупотреба. Од истата причина ќе биде назначено дека пораката е испратена, но нејзината содржина повеќе нема да биде видлива.

Сега можете да си дадете изговор и да испратите бесни пораки без страв од последиците!

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.