imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Одделете ги иконите на Dock


Постојат повеќе команди за различни задачи со Dock на macOS. Ќе ви покажеме една која дозволува поместување на “blank” иконите на Dock за меѓусебно да ги одделите останатите икони.

Dock на macOS ја има истата функција како Tray на Windows: тука можете да им пристапите на најчесто користените апликации. Но, ги има толку многу, од софтвер за работа со документи, мултимедија плеери, уредувачи на фотографии, апликации за цртање…

Доколку сакате да ги одделите, треба да го направите следното:

  1. Отворете нов прозорец во Terminal
  2. Ископирајте ја следната команда: defaults write com.apple.dock persistent-apps -array-add ‘{tile-data={}; tile-type=”spacer-tile”;}’
  3. Притиснете Enter
  4. Внесете killall Dock и притиснете повторно на Enter

Доколку фрлите поглед на Dock, ќе видите дека постои “дупка” во низата икони. Овој празен простор функционира идентично како и било која апликација, па како таква треба и да ја користите. Доколку сакаме да ја поместите на другата страна на Dock, само повлечете ја, а можете и да ја отстраните, ако со десен клик од паѓачкото мени изберете Remove from Dock.

Ако сакате да додадете повеќе такви празни икони, повторете го целиот процес.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.