imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Oddmar: Шарена викиншка авантура


Понекогаш во App Store налетуваме на игри кои работат само на iPhone, но би биле забавни за игра и на другите платформи. Oddmar е една од нив, се заснова на викиншки легенди, а има извонредна графика и приказна. 

На Mobge им беа потребни четири години да го развијат своето ремек дело. Нивната претходна игра, Leo’s Fortune од 2014. и натаму е еден од најголемите хитови.

Според зборовите на креаторот, толку многу им се допаѓа серијата Vikings, што ги инспирираше да почнат со создавање на играта која толку долго ја имаа во план. И ја сместија во митската ера на викинзите. Нивната креација е толку добра, што веднаш ја освоија наградата на Apple за дизајн и App Store продолжува да ја истакнува оваа ексклузивна игра за iOS.

Oddmar во суштина е акција-авантура игра за платформата, која додава објекти за поместување и борба низ секоја фаза. Имате шанса да се испробате на 24 различни нивоа.

Главен јунак во приказната е луд викинг, чија судбина е да го спаси своето проколнато село. Текот на приказната е одличен, полн со неочекувани пресврти. Во текот на своите авантури, ќе имате прилика да запознаете четири од Девет царства на нордиската митологија.

Играта е прилично лесно. Со својот лев палец можете да управувате со движењата и да трчате, а со десниот да скокате и да се борите. За да поминете низ секое ниво, морате да уништите или поместувате разни објекти и би требало да имате на ум дека е битен тајмингот. Постојат различни чудовишта на различните нивоа, кои ќе пробаат да ве спречат. Меѓутоа, оклопот и оружјето кое можете да ги купите со златните парички, собрани во текот на играта, ќе ви помогнат во борбата.

Целата игра само тече и навистина е динамично да ја играте со малиот викинг. Ваквиот начин на играње може да потсети на играта позната ширум светот, Ori and the Blind Forest, што е огромен успех.

Засега најдобра страна на оваа игра е графиката. Секоја фаза е создаванаа одвоено. Midgard и неговите земји се баш како од бајките со зелени ливади и слатки животни. Длабоките шуми на Alfheim ве гушат, снежните планински врвови на Jotunheim ќе ве заледат, додека огнените длабочини на Helheim ќе ве испотат.

И сето тоа затоа што Oddmar е полн со предизвици. Иако можете да поминете низ целата игра за неколку часа, за перфектно проаѓање на секоја фаза ви е потребно малку повеќе време. Во секоја фаза скриени се три златни парички, како и телепорт до мини игра. Морате навистина да обрнете внимание за да ги пронајдете. Понекогаш можете да наидете на упорниот boss, кој не умира лесно.

Би било штета да не се спомене музиката и гласовите од играта. Целото искуство ја надополнува музиката компонирана за шведски инструменти од 15. век. Тоновите се заразни и совршено се вклопуваат со графиката. Во фантазмичните мали анимации, меѓу фазите зборува Julian Casey, чиј глас може да ви биде познат од Assassin’s Creed серијалот.

Навистина е тешко да се каже нешто лошо за Oddmar. Не е ни чудо дека е извонреден додаток на App Store. Но, не е ни совршен. На оние модели на iPhone, кои немаат Home копче, може да се случи со повлекување на прстот да не го поразите непријателот, туку да ви се отвори прозорецот за промена на апликации.

И покрај овој малечок проблем, можеме со сигурност да кажеме дека оваа апликација е вредна за својата цена од 4,99 долари. Наместо една пица, би требало ова да го нарачате. Трае подолго и не дебели. :)

Преземете ја Oddmar од App Store (За iPhone и iPad)

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.