imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Одлични апликации со опција за Dark Mode


Вчера го преземавте macOS Mojave и сега сакате да ја искористите секоја шанса да уживате во Dark Mode? Знаеме како ви е! Ќе ви покажеме некои апликации на кои се исплати да се обрне внимание.

1Password

Мислам дека никому не треба да му се претставува најпопуларната апликација за управување со лозинки. Со лансирањето на macOS Mojave, апликацијата 1Password е ажурирана со темен начин на работа, кој лесно можете да го овозможите, ако го вклучите Dark Mode. Ако случајно веќе ја имате оваа апликација, дефинитивно надградете ја. Ако се уште ја немате, дајте и шанса – на дизајнот сигурно нема да се жалите.

Things 3

Ова е една од најдобрите меѓу апликациите за планирање на задачи, а сега се приклучи и на клубот на апликации со темен начин на работа. Ова е мој фаворит, па постои можност малку да сум субјективен, но сигурно треба да ја имаат сите кои сакаат да бидат организирани и имаат густ распоред. Исто така, новиот дизајн во Dark Mode ќе ве поттикне да ја купите, без оглед на високата цена.

Fantastical 2

Оваа позната календар апликација, исто така, ја доби својата Dark Mode верзија. Ако сакате едноставен дизајн, апликација преполна со функции и повеќе можности од оние зададените, дефинитивно треба да ја испробате. Секако, овозможена е и синхронизација помеѓу различните уреди на Apple, а iOS верзијата има поддршка за виџети. Покрај сето тоа, практично можете да ја синхронизирате со секоја онлајн услуга на календарот. Меѓутоа, прилично е скапа. Но, ако имата намера редовно да ја користите, се исплати да се вложи во неа.

Spark

Претпоставувам дека и вие добивате премногу мејлови дневно – од оние многу важни, до здодевни newsletter-и. Spark интелигентно се носи големата количина на мејлови и во еден чекор ви овозможува да ги избришете пораките, да ги означите како прочитани, да ги архивиарте и преместите. Можете да подготвите и испраќање на пораки однапред и да поврзете повеќе сметки со оваа апликација. Ако се уште не сте уверени дека се работи за одлична апликација, треба да знаете дека сега има и Dark Mode опција. Потполно е бесплатна, па немате изговор да не ја преземете!

Bear

Искрено, се работи за едноставна апликациja за белешки. Има многу важни функции, но најголемата предност е што е софистицрана и едноставна. Нема комплицирана лента за уредување и слични бескорисни работи, само она неопходното. Без грижа, и натаму можете да уредувате текстови и да ги споделувате. не смееме да заборавиме да споменеме дека е бесплатна, и овозможува синхронизација помеѓу сите уреди на Apple. Како тоа да не е доволно, ја заработи титулата за најиновативна апликација за 2016. година.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.