imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Одложено е објавувањето на Blackmagic eGPU на Apple


Првично, требаше да биде издаден кон крајот на овој ноември…

Кога новиот Mac mini и Retina MacBook Air дебитираа кон крајот на октомври заедно со iPad Pro, Apple тивко додаде уште еден производ на листата во својата онлајн продавница. Овој производ беше претстојниот eGPU Pro, дизајниран од Blackmagic за професионална употреба.

Во тоа време, симболот “Пристигнува во ноември” сместен под производот, означуваше дека корисниците ќе треба да почекаат за да имаат шанса да го нарачаат. Сега е крај на ноември и очигледно дека eGPU го нема на хоризонтот, па се обложувам дека за вас не претставува изненадување дека

производот ќе биде одложен.

Сепак, Captain Obvious знае отприлика колку треба да чекаме: за среќа, не многу долго. Според сегашниот статус, eGPU може да пристигне околу декември, а ќе содржи графички процесор Radeon RX Vega 56 со 8GB MBM2 меморија, два Thunderbolt 3 приклучока, четири USB 3 конектори, HDMI 2.0 порт и DisplayPort 1.4 порт што нуди моќност од 85W, како и прилично одличен дизајн.

Веќе почнавме да се подготвуваме за мускулест тест за него…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.