imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Официјално: Apple го реши проблемот со термалната регулација кај MacBook Pro 2018


Во текот на денешниот ден, Apple со ажурирање на софтверот ја реши термалната регулација, што ги предизвика проблемите со перформансите на MacBook Pro 2018. Следната верзија, macOS High Sierra 10.13.6 го поправа овој проблем.

Неодамна можевте да ги прочитате нашите тестови за 13″ и 15″ модели на MacBook Pro. За време на тестирањето откривме тоа дека овие уреди станале помоќни од нивните претходници, но недостасуваше основната надградба на перформансите што ја очекувавме од 8. генерација на Intel процесори. Деновиве имаше многу гласини дека Apple намерно ги ограничил перформансите на овие компјутери или дека ладењето не било погодно, па дури и имаше претпоставки за дефект на прекинувачот на матичната плоча.

Се испостави дека ниту една од нив не е точна, дигиталниот клуч на фирмверот предизвика проблеми што доведуваат до ограничување на брзината на часовникот во случај на загревање на процесорот. Според официјалните информации, овој софтверски проблем влијае на сите 2018 MacBook Pro модели. И Apple веќе го реши проблемот со следната надградба на macOS High Sierra, верзијата 10.13.6 и се извини за непријатностите.

Со ова ажурирање, перформансите на 15-инчните модели би можеле да пораснат за 70 проценти, додека 13-in;niot модел би можел да достигне 50 проценти зголемување на перформансите во споредба со уредите од 2017 година.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!