imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Ослободете се од непотребните дупликат фајлови на Mac


Без оглед на тоа колкав SSD имате, едно е сигурно: никогаш не можете да имате премногу простор за складирање на компјутерот. Еве совет кој може да ви помогне во тој поглед.

Било да користите Mac за забава или работа, двојните копии  фајлови можат да ви го преплават компјутерот. Без оглед на тоа дали ги создавате намерно или случајно, капацитетот на вашиот простор за складирање лесно може целосно да се наполни.

Иако оптимизацијата на просторот за складирање на macOS е одлична, понекогаш треба самите да интервенирате и да одработите длабоко чистење. Веќе пишувавме за решението за отстранување на непотребни системски информации, но тоа нема да ви помогне кога се во прашање дупликатите на документите.

Во тој случај, можете да ги отстраните проблематичните фајлови со голи раце или да изберете поедноставно и автоматизирано решение. Апликацијата Duplicate File Finder Remover може да ви биде корисна – како бесплатната, така и Pro верзијата.

За среќа, бесплатната верзија, која е достапна во Mac App Store, може повеќе од обично пронаоѓање и отстранување на дупликатите. Можете да бирате помеѓу многу решенија, како минималната големина на фајловите, прегледувањето, листањето на слични фолдери и бележење на избришаните содржини.

Доколку тоа да не е доволно, Pro верзијата може да ги пронајде скриените фајлови, да ги отстранува дуплицираните фолдери или да ги поврзе нивните содржини. Исто така, има важна функција која ви овозможува да го поништите бришењето, ако нешто случајно сте отстраниле.

За да ја употребите таа апликација:

  • Отворете го Mac App Store или стартувајте ја апликацијата App Store на својот компјутер и побарајте ја апликацијата Duplicate File Finder Remover.
  • По инсталирањето, одете на Open и апликацијата автоматски ќе се покрене.
  • На почетната страница можете да ја изберете големата зелена икона „+“ за да додавате фолдери за скенирање или изберете „Scan Home Folder“ на дното, за прегледување на содржините на целиот компјутер.
  • Потврдете за да и овозможите на апликацијата да го скенира компјутерот.
  • Додека скокачкиот прозорец ви ги покажува различните опции, во позадина веднаш ќе се старстуба дијагностицирање.
  • По неколку чекори, ќе видите листа на дупликат фајлови кои можете да ги прегледате еден по еден.

Ако имате проблем со скенирање на фајлови, одете на менито Help во горната лента на менито и изберете Help Desk, каде можете да ги пронајдете одговорите на сите прашања.

Преземете ја Duplicate File Finder Remover од App Store (Mac, бесплатна, IAP)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.