imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Откриени RAM меморијата и капацитетот на батеријата на новите iPhone уреди


Apple не ги открива техничките детали на Keynote презентациите или на својата интернет страница, но се работи за осетливи теми како RAM меморија и капацитет на батеријата. Но, сепак дознавме се…

Според неодамнешен извештај,  iPhone XS и iPhone XS Max ќе бидат опремени со 4 GB RAM, a iPhone XR со „само” 3 GB. Што се однесува до траењето на батеријата, iPhone XS Max има батерија од 3174 mAh, а iPhone XS од 2658 mAh.

Во случајот на 5,8-инчниот iPhone XS  се работи за 2,2 проценти помал капацитет на батерија во однос на iPhone X, чија батерија има 2716 mAh. Но во пракса, годинашниот модел ќе издржи барем половина час подолго само со едно полнење.

iPhone XS Max е владетел меѓу годинашните модели, посебно во поглед на големината на батеријата. Нејзиниот капацитет од 3174 mAh значи пораст од 17% во однос на iPhone X. Тоа е 1,5 часа повеќе работа, за што можеме да бидеме благодарни на помалата потрошувачка на енергија на новите хардверски компоненти и фино подесениот систем на iOS.

Меѓутоа, најинтересните броеви се однесуваа на iPhone XR, чија батерија е нешто помала од онаа во iPhone XS, со капацитет од дури 2942 mAh, но за која се тврди дека ќе трае најдолго. Причина за тоа е првенствено помалиот екран и помалата резолуција.

Без оглед на се, за пофалба е дека производителот им обрнува внимание на сите овие работи и се труди батеријата да биде што е можно помоќна. Сепак, револуцијата на тоа подрачје на која сите се надевавме, сепак, не се оствари.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.