imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Откриено значењето на ознаката XR!


Всушност не значи ништо. Phil Schiller објасни се за ова важно прашање…

Apple во 2009. година ја воведе таинствената буква S како ознака за iPhone, почнувајќи со iPhone 3GS. Од тогаш сите се прашуваат што значат ознаките S, SE, C и сега R?

Можеби тука нема никакви тајни… Меѓутоа, тоа не е така едноставно. Тие ознаки истовремено имаат значење, но и немаат. Во случајот на споменатиот iPhone 3GS на Keynote објаснија дека S ја означува брзината, односно „Speed“, бидејќи се работеше за дотогаш најбрзиот iPhone.

Меѓутоа, значењето се промени со iPhone 4S. Имено, според Tim Cook, S ја означуваше Siri, новата паметна помошничка. Schiller во едно поранешно интервју потврди дека SE значи „Special Edition“, однсоно посебно издание. Но, што е со останатите S-верзии, како и ознаките C и R? Накратко, ништо.

Време е да ви го претставам својот нов омилен израз: абецеден нихилизам. Така се нарекува именувањето без смисла. Бидејќи, S, C и R не значат баш ништо. Тоа повторно го потврди Schiller кога го прашаа според која логика се водат при избирање на буквите. Неговиот одговор беше шокантен:

Ги сакам автомобилите и се што е брзо, а R и S се букви со кои се означуваат автомобилите кои се сметаат за исклучително брзи.

Ете, сега и тоа го знаеме.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.