imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Ова е крај за AirPort Extreme и Time Capsule


Како што веќе подолго време знаете, продажбата на овие производи е прекината и сега кога се испразенти и залихите, повлечени се од онлајн продавницата на Apple.

AirPort “семејството” има три члена: AirPort Time Capsule, AirPort Extreme и AirPort Express. Серијата последен пат беше надградена пред 5 години. Од тогаш Apple има проблеми со надградбата на софтверот. Gurman пред две години предвиде крај на оваа линија производи, а оваа пролет Apple тоа и официјално го потврди.

Значи, AirPort немаше толкава среќа Apple да го заживее како Mac mini. 

Речено е дека производството на оваа линија производи ќе биде прекинато, но дека остатокот од залихите ќе биде продаден. Секако кога сите примероци се продадени преку онлајн продавницата на Apple, AirPort Extreme i 2TB Time Capsule се повлечени од сајтот.

Од друга страна, тоа значи дека овие производи сега можете да ги купите половни или од препродавачи. Apple го одржа својот збор и ја задржа поддршката за софтверот на постоечките уреди. На пример, AirPort Express доби AirPlay 2 поддршка кон крајот на летото.

Сега останува од се простиме од семејството кое ги задоволуваше потребите на корисниците, дури и кога крајот му беше блиску.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.