imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Овој шраф најдобро објаснува зошто никогаш нема да има Apple фабрика во САД


Иако актуелниот американски претседател со сите сили сака да го врати производниот оддел на Apple дома, такво нешто е едноставно невозможно. Приказната за штрафот од Mac Pro совршено објааснува зошто.

Пред отприлика три години, американскиот претседател Donald Trump го рече следното:

Имаме неверојатни луѓе во оваа држава: паметни, бистри, полни со енергија, неверојатни се. Реков дека сакам Америка повторно да ја направиме голема, и навистина мислам дека со тоа сега можеме и да почнеме… Ќе направиме Америка да произведува свои компјутери во оваа држава, а не во други земји.

Тогаш бројните експерти ја анализираа оваа идеја од економски, логистички и други аспекти, и истражуваа кои се можните последици ако Apple ги произведува своите компјутери во САД. Но, поминаа три години, а Apple и натаму има фабрики во Кина.

Сега New York Times ископа приказна за малиот шраф кој совршено објаснува зошто производите на Apple никогаш нема да ја имаат ознаката „Assembled in USA“.

Во 2012. година, директорот на Apple, Tim Cook најави дека Mac Pro ќе почне да се произведува во САД. Секако, завладеа општо воодушевување. По толку време, компанијата која е еднакво “американска” и симболична како Coca-Cola ќе ги произведува своите производи во матичната земја. Покрај сето тоа, се отвораат и нови работни места. Фантастично!

Основана е фабрика за монтажа во Остин, Тексас и масовното производство можеше да почне. Но… склопувањето на Mac Pro бара специјален шраф. Иако постојат огромни фабрики во Тексас, производството на овие шрафови им претставуваше проблем и не можеа масовно да ги произведуваат.

Конечно пронајдоа компанија која ќе може да произведува 1000 шрафови дневно и да испраќа испораки од 28.000 парчиња. Но, тоа беше далеку од реалните потреби на производство. А да не споменуваме дека не беа совршено обликувани.

Уште повеќе, овие 28.000 шрафови – кои ги изработи работилница со 20 вработени – на Apple му ги достави сопственикот на компанијата лично, во својот Lexus. Во 22 наврати.

По еден месец мачење, Apple одлучи овие шрафови да ги нарача од Кина, од каде стигнаа на време и беа со совршен квалитет. Значи, масовното производство конечно можеше да почне. Поуката е едноставна: кога е во прашање обемот на производство, не можете да се натпреваруваате со Кина. Додека тоа не се промени, просто е неисплатливо да се пресели производството во САД.

Исто така, интересно е дека идејата производството да се пресели во Кина дојде токму од Tim Cook, пред околу 15 години. Тогаш не беше на чело на компанијата, туку му одговараше на Steve Jobs. Па, идејата не му беше лоша…

Извор: The New York Times

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.