imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Паметни градови на портите на иднината


Паметниот град стана прилично популарен израз. Не без причина, бидејќи градовите посветени на иднината им пружаат многу интересни можности на своите жители.

Паметен град е генерички израз кој има многу различни дефиниции. Во основа, тоа се градови кои пробуваат да ја користат модерната технологија за да го подобрат квалитетот на животот на нивните жители, и за да го направат поефикасно управувањето со градот. Во овие комплексни програми, одржливоста и заштитата на околината се изразито нагласени, па податоците кои ги собираат IoT (Internet of Things) уредите играат важна улога.

Постојат неколку градови кои се борат за титулата „најпаметен”. Еден од нив е и Пало Алто, последниот дом на Steve Jobs. Овој калифорниски град со околу 70.000 жители е пионер на дигитализацијата – на пример, целата содржина на нивната библиотека е достапна онлајн. Нудат околу 50 различни услуги преку интерент, а имаат и сестрана интерактивна платформа за пријавување на било какви проблеми.

Семафорите во Чикаго сами се гасат или ја намалуваат јачината на светлото во зависност од временските услуги. Тоа е затоа што Чикаго се потпира на проектот Array of Things. Имаат поставено голем број сензори ширум градот, кои мерат се – од густината на сообраќајот од квалитетот на воздухит, за да соберат што повеќе податоци за успешно управување со градот.

Ни Њујорк не заостанува, бидејќи почна да ги следи шаблоните на развој на криминалните активности со користење на базата на податоци. Поставувањето на LinkNYC дигитални станици е исто така одлична иницијатива. Со поврзување со овие мултимедијални терминали, како старите телефонски говорници, можете да извршувате бесплатни повици, да го дополните вашите уреди и да барате различни информации или мапи на дисплеите од 55″.

Паметните градови не се ограничени само на САД, Кина исто така има многу интересни примери. Вештачката интелигенција секојдневно им помага на десет милиони жители на градот Хангжоу во текот на сообраќајот, па дури ни следењето на сообраќајните несреќи и застои во сообраќајот повеќе не е предизвик за раководителите на тој град. Од лансирањето на апликацијата City Brain, просечната брзина на сообраќајот порасна за дури 15 проценти во некои области, што само ја докажува ефикасноста на следењето на сообраќајот во реално време.

Во автобусите на градот Јинчуан, патниците можат да платат со користење на идентификација на лицето, а некои хотели користат сличен метод при пријавувањето. Холограмот со кој се сретнувате при влезот во градската куќа, исто така, не е баш обичен. Он (односно она) им пружа добредојде на посетитетелите и подготвена е да одговори на сите нивни прашања.

Сепак, кога зборуваме за Кина мораме да ги додадеме и негативните страни на нивните системи. Државата се потпира толку многу на овие ултимативни модерени технологии и собирање податоци, што ситуацијата почна полека да се претвора во орвелијанска дистопија.

Нема потреба да одите на крајот од светот за да го посетите паметните градови, бидејќи ги има и во Европа. На лондонскиот аеродром Хитроу, личните транспортни дронови ги превезуваат патниците од терминал до терминал. Во Амстердам ширум градот се поставени сензори кои ги следат слободните паркинг места и ги делат собраните податоци на посебен портал кој се нарекувa Dataportaal. Во Стокхолм можете да пронајдете напредни канти за ѓубре кои се вмрежени и испраќаат известувања кога е време да се испразнат. Во Барселона, дождовните сензори ги сопираат непотребното залевање на градските паркови, а во изминатите неколку години е изграден огромен број на нови градски пристапни WiFi точки.

Виена ја следи официјалната градска стратегија на паметен град од 2014. година, фокусирајќи се на енергетската ефикасност и со тоа подигнувајќи го квалитетот на животот. Еден од нивните споредни програми, под името Power-2-Heat ја користи непотрошената електрична енергија за греење на околу 20.000 домови. Проектот WAALTeR со користење на дигитални услуги и уреди им помага на постарите лица, додека Wien gibt Raum на големо ја олеснува резервацијата на јавните места.

Постојат многу одлични иницијативи, но мораме да додадеме дека вистинскиот концепт на паметни градови лежи вон паметните канти за ѓубре и зборливите холограми. Покрај сите наведени примери, паметните градови имаат многу поинакви елементи, кои ги прават тие програми успешни. Тие бараат силна и блиска кооперација помеѓу владите, претприемачите и жителите.

Но, јасни може да се види дека светот е полн со разни идеи кои до пред само неколку години биле нешто незамисливо, нешто што можевме да го видиме само во филмовите на научна фантастика. Со моментната брзина на развој, животите на жителите на овие градови би можеле драстично да се променат.

Дали знаете за некои паметни и интересни иновации во вашиот град?

Извор: IoT World Today

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.