imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Peek Calendar – едноставна и минималистичка iOS апликација


Веројатно имате апликација за календар за полесно да ги организирате дневните обврски. Ако не сте задоволни со зададената iOS апликација, можете да ја замените. Ние ви препорачуваме прекрасна алтернатива, едноставна за користење, а преполна со функции.

Сите имаме многу секојденвни обврски, па често се потпираме на своите паметни телефони и разните апликации за нешто да не заборавиме. Така iOS ја нуди сопствената апликација Календар, но ако не сте задоволни со неа, испробајте ја Peek Calendar.

Корисничкиот интерфејс е многу модерен и интуитивен, а можете да управувате со гестови. Кога ќе ја отворите апликацијата, го имате прегледот на денешниот и утрешниот ден. Сите ваши настани и обврски се групирани по денови и така можете и да ги прегледувате. Исто така, достапен е и месечен преглед, а ако сакате, можете да поставите потсетници за секој настан.

На секој настан можете да му додадете повеќе информации – само повлечете десно и погледнете кои се опции постојат.

Еве некои корисни функции:

  • Повлечете лево било каде на екранот и ќе се појави странично мени. Ако сакате да го тргнете, само повлечете десно.
  • Допрете и држете го денот за кој сакате да додадете настан.
  • Со повлекување на настанот надесно можете да ги видите сите информации за него.
  • Допрете го настанот за да го уредите. Повлечете надолу за да ја видите иконата за бришење.

Се надеваме дека оваа апликација ќе ви се допадне и ќе ја преземете од App Store. Peek Calendar е компатибилен со iPhone и iPad, а достапен е по цена од 2,99 долари.

Преземете го Peek Calendar од iOS App Store (iPhone, iPad – 2,99 долари)

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.