imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пет корисни совети за новиот iPad Pro


Дали се заљубивте во некоj од iPad Pro уредите, или веќе купивте некој од нив? Тогаш дозволете да ви дадеме некои корисни совети!

Дел од советите функционираат и за другите iPad уреди, така што не ви треба iPad Pro за да ги испробате. Исто така, ќе пишуваме за советите за кои веќе пишувавме, но можно е дека новите корисници не знаат за нив.

Полнење на iPhone со iPad

Новите iPad уреди пристигнуваат со USB-C порт наместо Lightning кабел. Освен тоа, оваа промена има многу предности. На пример, можете да го поврзете својот таблет со монитор, да ја поврзете вашата камера со iPad, и она што ни е омилено: можете дури и да го полните со својот iPhone. Секако, ќе ви биде потребен USB-C – Lightning кабел.

Apple Pencil 2 команди со гестови

Една од најдобрите карактеристики на новиот Apple Pencil е тоа што, слично како кај AirPods слушалките, овозможува многу операции со двоен допир. Уште една супер работа е тоа што можете дури и да ги прилагодите. Одете на Settings > Apple Pencil и изберете една од опциите во паѓачкото мени, која најмногу ви одгвара.

Поместување на курсорот

Поместувањето на курсорот е најкритичен дел од уредувањето на секој текстуален документ, а не е баш најкомфорна задача кога користите екран на допир. Недостатокот од 3D Touch не ни помага многу, иако е вистина дека ги менува операциите на iOS 12, кога долго го држите Space копчето. Меѓутоа, постои друга опција на iPad: држете два прста на екранот и поместувајте ги во правец во кој би го движеле и курсорот. Магија!

Space копче за активирање

Кул карактеристика на новите iPad Pro модели е што лесно можете да ги поврзете со Apple Smart Keyboard (Паметна тастатура) со едно единствено движење. Корисен трик е и тоа што со двоен допир на Space копчето (на оваа или било која екстерна тастатура), таблетот автоматски го активира дисплејот и го стартува Face ID автентикаторот. Оваа опција значајно може да го забрза отклучувањето на вашиот таблет.

Специјални карактери

Пишувањето на виртуелната тастатура не е баш уживање. Обично крајно проблематично е да се користат специјалните карактери. На горната нумеричка линија на iPad тастатурата можете да ги пронајдете често користените специјални карактери, кои можете да ги примените со притискање на Shift копчето. Меѓутоа, постои уште покорисно решение: само треба да го повлечете со прстот надолу копчето на кое се наоѓа специјалниот карактер и voilá: наместо бројка, ќе се појави специјален карактер.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.