imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пет најави кои недостасуваа на октомврискиот Keynote


Дури ни највозбудливиот Keynote во последните неколку години не му беше доволен на Apple да ги надгради сите свои застарени модели. За што најмногу жалите?

Разгледувајќи ги денешните вести, одеднаш се појави интересна листа. Chance Miller од 9to5Mac ги собра сите оние најави кои му недостасуваа на минатиот, многу возбудлив Keynote. Меѓутоа, не можам да се согласам со него околу баш секоја.

Би сакал да ја прескокнам првата најава од неговата листа која ја сочинуваат Apple Watch и EKG апликацијата, бидејќи може да се случи да поминат векови пред европските власти да го одобрат нивното појавување,

2. Освежување на iMac

Доколку iMac линијата производи е толку важна како што Apple тврди, навистина може да се случи да ги надградат и iMac компјутерите. Не мислиме на некоја посебна надградба, но доколку сите уреди добијат флеш SSD меморија и нов чипсет, ќе бидеме многу задоволни. Навистина се надевав барем на тивко ажурирање по Keynote презентацијата.

Кој знае, можеби желбата и ќе ми се исполни. Сепак, шансата дека такво нешто ќе се случи пред декември е речиси непостоечка. За сите оние на кои им треба моќна машина – и кои можат да си ја дозволат – засега тука е iMac Pro. На останатите би им го препорачал новиот Mac mini со сите додатоци.

3. AirPods и AirPower

И тоа во комбинација, бидејќи нивната најважна нова функција е безжичното полнење. AirPods се одличен производ сам за себе, и нема потреба да се надградуваат. Меѓутоа, гласините за безжичното полнење кружат веќе предолго. А за AirPower не требаат дополнителни објаснувања: го најавија, покажаа и потоа ништо.

Во меѓувреме се претставени многу iPhone уреди со опција за безжично полнење, но без оригинален уред на Apple со кои би се напојувале. Тоа едноставно звучи погрешно. Не знам колку луѓе работат на тоа, но досега сигурно можеа нешто да смислат.

Колку долго треба да чекаме на ова? До пролет? За AirPods 2 кружат бројни гласини, па дури и најави дека пристигнуваат во декември. Да, можеби во САД. Само сетете се како помина лансирањето на првата верзија… Остаревме додека ги дочекавме во Европа.

4. Надградба на MacBook

Интересна точка. Нема сомневање дека 12-инчниот Retina MacBook беше далеку пред своето време. Тенок, шарен, компатибилен со USB-C, дури и ако тогаш немаше потреба за тоа. Класичната колекција која броеше само неколку уреди сега стана огромна и полна со бои, опции и застарени модели. Вистински предизвик е грижата за сите залихи.

Уште во 2016. година реакоа дека 13-инчниот MacBook Pro ќе биде наследник на MacBooka Air, и дека Air линијата ќе биде запрена. Стана покорисен, има повеќе влезови, а и цената му е поприфатлива. Сега таман дојде време да се поздравиме со Retina MacBook ажуриран во 2017. година. И со старите Air модели и еден од 13-инчните MacBook Pro уреди. Зарем не?

Добро, набројавме четири, а не пет точки. Сепак, што вие би сакале најмногу да се оствареше?

Извор: 9to5mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.