imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Пет одлични апликации за чистење на iPhone и ослободување на простор


Колку пати ви се појавила порака дека немате доволно простор, додека сте преземале некоја нова апликација или ажурирање? Ако таа ситуација ви звучи познато, испробајте некои од овие апликации за чистење за да се ослободите од непотребните фајлови и да ослободите простор на својот iPhone.

Бидејќи својот iPhone го користите речиси цело време, откако ќе се разбудите, додека не заспиете, за работа, разонода и комуникација, потребно е одвреме навреме малку да го исчистите. Кога ќе ви се наполни просторот за складирање и тоа ќе почне да влијае на перформансите на вашиот уред, време е за чистење.

Во поголем дел од случаите, најодговорни за полнење на просторот за складирање се копиите на фотографиите, непотребните снимки, колачиња, кешови и слични непотребни фајлови. За почеток, избришете ги старите фотографии и апликации кои не ги употребувате, потоа намалете ја зафатеноста на просторот каде се сместени “Останатите” податоци и на крајот избришете ги Документите и Податоците на своите апликации. Ако сакате дополнително да го исчистите својот уред и да ги оптимизирате неговите перформанси, можете да се послужите со една од следните апликации и така да отстраните се што не му е потребно на вашиот iPhone.

Преземете апликација за чистење

Vo App Store има многу апликации од овој вид. Функционираат така што го пребаруваат вашиот iOS уред во потрага по вообичаените осомничени, а потоа брзо и лесно ги отстрануваат. Можете да ги преземете директно на својот iPhone и да им дадете слободни раце да ја одработат својата работа.

Clean Doctor

Апликацијата Clean Doctor е се-во-еден систем за чистење, кој е бесплатен за iPhone, iPad и Mac. Моќна е, едноставна за употреба и лесно ги отстранува сите облици на ѓубре од вашиот уред. Со помош на неа можете да отстраните дупликати од фотографии и видеа, големи фајлови, дупликати меѓу контактите, спам пораки, реклами во Календар и уште многу други работи. Уште повеќе, оваа апликација има решение за зголемување на приватноста на вашите фотографии.

Phone Cleaner za iPhone i iPad

Оваа апликација извонредно го оптимизира вашиот простор за складирање и го ослободува просторот. Постојат четири основни начини на работа: 1) сортирање на фајлови по големина 2) филтрирање на фајлови со помош на напредни филтри за пребарување на медиумските содржини според видот, големината, датумот на создавање и сл. 3) барање на дупликати и слични фотографии во галерија и 4) чистење на интернет пребарувачот. Со помош на овие четири начини на работа, можете многу брзо да ја организирате содржината на својот уред и да отстраните се што повеќе не ви треба. Неодамна додадените функции вклучуваат чистење на контакти и потсетници. Што уште ви е потребно? Целосната верзија на апликацијата чини 1,99 долари и можете да ја пронајдете во App Store.

Gemini Photos

Ако постојано нешто фотографирате и вашата галерија пука по шавови од многуте фотографии, веројатно и е потребно чистење. Вие веројатно се плашите од тој огромен потфат, па поради тоа преземете ја апликацијата Gemini Photos за полесно да ги пронајдете и отстраните непотребните фотографии и да ослободите драгоцен простор за складирање. Апликацијата ќе ви ги понуди добрите фотографии, кои веројатно сакате да ги задржите, и оние малку помалку добри, од кои можеби сакате да се ослободите. Накратко, во неколку потези ќе ја организирате целата галерија фотографии. Исто така, содржи една корисна функција, која му недостасува на iOS: ви овозможува да ја избришете целата галерија во еден потег. Можете бесплатно да ја преземете од App Store, а ако се одлучите на платената верзија, ќе ви се отвори функција за бришење на слични фотографии.

Cleaner Pro

Дали некогаш ви паднало на памет дека би можеле да го исчистите својот адресар? Искрено, мене не, барем додека не наидов на оваа многу корисна апликација. Откако го користам Cleaner Pro, мојот адресар е чисто и прегледно место. Оваа ефикасна и едноставна апликација ги бара и ги спојува дупликатите помеѓу контактите, контактите со слични имиња или дупликатите меѓу броевите на телефонот или мејл адреси. Уште повече, ги отстранува контактите без имиња или број на телефон. Cleaner Pro ви овозможува лесно да изработите сигурносна копија од сите контакти и да ја експортирате на мејл, Google Drive или Dropbox. Апликацијата е бесплатна, а ако сакате корисно автоматско решение за бекап, можете да се претплатите за 9,99 долари годишно.

iMyfone Umate za Mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.