imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Платете го кафето со вашата паметна чаша


Ова е пораката на најновиот производ на Costa Cafe во Велика Британија, што со неколку ситни измени може да биде одлична работа!

Живееме во свет во кој на јадење месо од картонска кутија (KFC) или пиење на кафе за носење се гледа на нешто што е фенси. Но целосно е јасно дека трошењето на хартиени чаши ќе биде голем проблем за животната средина. СПоред броевите објавени во Independent, во јануари оваа година, Велика Британија троши 7 милиони хартиени чаши на ден. Тоа е повеќе од две милијарди годишно!

Но, иако самото име хартиена чаша звучи како нешто органско што може да се рециклира или разградува, поради отпорност на влага, всушност зборуваме за половина пластичен производ. Овој тренд дефинитивно не е одржлив, па се чини логично следниот чекор да го преземагт властите кои ќе ги оданочуваат чашите за да ја намалат нивната потрошувачка.

Најголемиот британски синџир на кафетерии, кој Coca-Cola го купи за 3,9 билиони фунти оваа година, пробува да напредува по прашањето на оваа ситуација. Моментно го лансираат својот нов производ, “паметна чаша”. Тоа е пластична чаша со повеќекратна употреба со паметен дел: има бесконтактно плаќање на дното на чашата. Својата шолја можете да ја дополните со пари, користејќи го телефонот со помош наа новиот сервис во новата апликација на Barclays (една од најголемите банки во Британија), така што можете да купите кафе, користејќи ја сопствената чаша. Ова е одлична идеја за сите: вие добивате поевтино кафе, Costa добива повеќе клиенти, а банката ви пружа услуга поради која се почесто ја користите нејзината апликација.

Но, ова решение може да функционира само на подолги патеки и може да биде навистина добро за планетата Земја доколку оваа чаша ја користите неколку години, како и во случајот на пластичните кеси. Значи, ќе функционира само ако можете да ја користите кај повеќе снабдувачи, на пример во продавниците на нултиот отпад, кои можат да бидат зелена иднина на купувањето. Исто така, мора да биде промовирана со добри понуди: цената мора да биде пониска за да ги охрабри купувачите да ја користат, а ние би требало секогаш да имаме расположливи пари на неа, за да не заборавиме да ја користиме.Токму тоа е она што ја разликува од обичната пластична чаша, која сме ја купиле затоа што е еколошка, а сме заборавиле на неа по неколку пати користење. Дали е ова можеби нова идеја за стартап?

Ако би постоело нешто како што е паметна чаша, дали би ја купиле?

Извор: Engadget

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.