imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Подгответе се! Наскоро можеби пристигнува нова генерација на најгрдиот производ на Apple


Во iOS се појави нов модел на Smart Battery Case. И гледајте чудо, постои шанса да не биде грд како својот претходник.

Кога зборуваме за естетиката на производите на Apple, обично ги употребуваме придавките како убаво, прекрасно, елегантно и слични варијанти. Меѓутоа, секогаш има исклучоци, бидејќи на секого треба да се случи грешка. Врвен пример за таква дизајнерска грешка, без никакво сомневање е ова (предупредуваме дека фотографијата е вознемирувачка):

Smart Battery Case е совршен пример за принципот „функција пред естетика“. Ќе се послужам со класичната аргументација на мајка која знае дека има грдо дете: во принцип се работи за солиден производ кој прави се што треба, дури е и корисен, но не е баш пријатен за око.

секако, тоа воопшто не е важно, веќе рековме се за оваа тема пред неколку години. Вистинско прашање е дали треба да почнеме да се подготвуваме за следната навреда на добриот вкус или Jony Ive би можел да не спаси. Бидејќи, нема сомневање дека наскоро пристигнува нова генерација на паметната батериска маска…

Првите знаци на тоа се појавија на почетокот на декември, а сега еден корисник од Reddit откри важна икона во iOS 12.1.2, кога проба да го искористи постоечкиот Smart Battery Case на iPhone XS (нема да ви покажам слика бидејќи навистина е шокантна). Меѓу виџетите кои ја покажуваат состојбата на батеријата, се појави икона на батериска маска, но во нов облик.

Секако, врз основа на оваа икона не можеме да заклучиме многу за новиот производ, но очигледно дека дизајнот ќе биде малку поинаков. Едно е сепак сигурно: новата генерација на овој уред е сигурно на пат.

Jony, навиваме за тебе…

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.