imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Подобро да се спречи отколку да се лечи – Како да го користите итниот повик на Apple уредите


„Надевајте се на најдобро, подгодвете се на најлошо”. Секогаш е подобро да се подготвите за лоша ситуација, иако нема да се случи. Во првиот текст ви ја претставивме функцијата Итен повик на уредите на Apple, а сега е време да научите како точно да го воспоставите повикот.

Во претходниот текст детално ги поминавме постапките за пополнување на Здравствената карта, итните контакти и да го поставите итното повикување со помош на еден допир и повеќе копчиња.

Како да се употреби Итниот повик на iPhone?

Ако сте горд сопственик на iPhone и Apple Watch, сигурно барем еднаш сте покренале одбројување до Итен повик. Веќе ви објаснивме како да ги уредите поставките да ги избегнете таквите грешки и ви препорачуваме барем еднаш да пробате да воспоставите итен повик – со тоа, секако, да го прекинете кога ќе почне одбројувањето. Така ќе се запознаете со целата постапка, па во вистински случај на нужда ќе можете да реагирате рефлексно.

Функцијата Итен повик е малку поинаква на новите модели на iPhone (Phone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, iPhone XS, iPhone XS Max i iPhone XR). Што се однесува до Apple Watch, разликата е помеѓу моделот со WiFi и оној со мобилна мрежа.

Итен повик на iPhone 8 и поновите модели

Според зададените поставки на поновите модели на iPhone, морате да го притиснете страничното копче и едно од копчињата за гласност за да го покренете Итниот повик. Ако сакате, можете да наместите воспоставување на повик со еден допир.

Повеќе допири (зададени поставки)

  1. Притиснете и држете го страничноти копче и едно од копчињата за гласност на својот iPhone.
  2. Продолжете да држите додека не почне одбројувањето до Итниот повик.
  3. Можете да повлечете десно на лизгачот Итен повик за веднаш да го воспоставите повикот.

Со еден допир

Ако сакате да воспоставите Итен повик со само еден допир, можете да ги прилагодите поставките на iPhone:

  1. Отворете Поставки.
  2. Притиснете Итен повик.
  3. Допрете го прекинувачот за Поврзување со странично копче. Кога прекинувачот е со зелена боја, функцијата е вклучена.

Кога ќе ја вклучите оваа функција, можете да го стартувате Итниот повик, така што пет пати по ред ќе го притиснете страничното копче (како што важи за моделите на iPhone пред iPhone 8). Исто така, и натаму ќе можете да го активирате Итниот повик со комбинација на страничното копче и копчето за гласност.

Вашиот уред тогаш автоматски ќе почне со одбројување, а потоа ќе воспостави повик кон итната служба.

Како да се користи Итен повик на iPhone 7 и постарите модели.

  1. Притиснете го страничното копче пет пати по ред, брзо.
  2. Повлечете го лизгачот за Итен повик или чекајте три секунди повикот автоматски да се воспостави.

Вашиот уред автоматски ќе ја повика итната служба и ќе им испрати известување на вашите итни контакти, ако сте ја активирале таа опција.

Како да се прекине Итниот повик

Ако случајно сте стартувале одбројување, можете да го поништите. На iPhone 8 и поновите модели доволно е да престанете да го држите страничното копче и копчето за гласност. На iPhone 7 и постарите модели, притиснете го копчето Сопри, а потоа Прекини го повикот.

Ако не стигнете да го прекинете повикот и случајно ја повикате Итната служба, можете да го прекинете повикот со допир на копчето Сопри. Кога системот ќе ве прапша дали сакате да го прекинете повикот, потврдете дека сакате.

Ако сте додале итни контакти во апликацијата Здравје, системот ќе ве праша дали сакате да прекинете да им испраќате известувања.

Како да го користите Итен повик на Apple Watch

Ако имате Apple Watch, можете и преку него да воспоставите итен повик. Ако сакате да користите WiFi врска, поврзаниот iPhone мора да биде блиску до вашиот часовник. Во спротивно, Watch мора да биде поврзан со позната WiFi мрежа и морате да поставите WiFi повици. На моделите на Apple Watch со мобилна мрежа можете да ја употребите и мобилната врска. Еве го описот на постапката.

  1. Притиснете го и држете го страничното копче, додека не се покаже лизгачот за Итни повици.
  2. Продолжете да го држите копчето додека не почне одбројувањето. Исто така, можете да го повлечете лизгачот за Итни повици.
  3. Кога ќе сопре одбројувањето, вашиот часовник автоматски ќе ја повика итната служба.

По завршувањето на итниот повик, вашиот часовник автоматски ќе им испрати порака на вашите итни контакти, и ќе ги извести за тоа дека сте ја активирале функцијата за Итен повик и ќе им ја соопшти вашата моментна локација. Секако, и тука ја имате опцијата за поништување на повикот. Ако опцијата за локациски услуги е исклучена, привремено ќе се исклучи.

Како да го прекинете повикот

Ако случајно покренете одбројување, престанете да го држите страничното копче. Ако случајно стартувате итен повик, цврсто притиснете го екранот, а потоа притиснете Прекини повик.

И тоа е тоа. Искрено се надеваме дека никогаш нема да бидете во ситуација да морате да ја употребите оваа функција.

Имате ли вие совети за итни ситуации?

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.