imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Подобро да се спречи отколку да се лечи – Поставете итни повици на Apple уредите


Превенцијата е најдобар лек – ова зрно на мудрост вреди и во итните случаи. Никој не сака да размислува за најлошите можности, но препорачуваме да си земете десет минути и да ги уредите поставки на Apple Watch и iPhone, за да бидете осигурани во итни случаи. Секако, се надеваме дека таа опција никогаш нема да ја употребите.

Како можете да ги уредите поставките на својот iPhone и Watch за да бидат подготвени во случај на здравствена или друга итна ситуација? Навистина е едноставно: само додајте ги своите контакти за итни ситуации и пополнете ги информациите за здравјето. Тоа се двата најважни чекора да подобра осигураност. Потоа, за да бидете уште посигурни, можете да ги прилагодите поставките на Итниот повик за да не повикате некој случајно во помош. Во овој текст ви ги донесуваме сите информации за iPhone и Apple Watch, уреди кои најчесто ги имате со себе.

Што е Итен повик?

Функцијата на Apple, Итен повик ви овозможува брзо да ја повикате итната служба во подрачјето во кое моментно се наоѓате. Тоа е одлично решение кога патувате, бидејќи така не треба да ги научите локалните броеви за итните служби. Исто така, вашиот уред може автоматски да им се јави на лицата кои сте ги навеле како контакти во итните ситуации дека сте ја активирале таа функција. Оваа опција е достапна од iOS 11 и watchOS 4. Ете уште една причина правовремено да ги ажурирате оперативните системи на своите уреди!

Apple додаде и поддршка за Напредна мобилна локација (AML) со iOS 11.3 и watchOS 4.3, што значи дека вашиот уред автоматски ја испраќа вашата локација до итните служби (Оваа функција засега е поддржама само во САД, Естонија, Исланд, Ирска, Летонија и Велика Британија).

Откако ќе го активирате Итниот повик, вашите iPhone и Apple Watch ќе го прикажат вашите актуелни податоци за здравјето, вклучувајќи ја висината, тежината, возраста, крвната група, болести и алергии.

Како да се додадат контакти за итни случаи на iPhone и Apple Watch

Можете да изберете три контакти за итни случаи, кои автоматски ќе бидат известени дека сте ја активирале опцијата Итен повик. Овие контакти лесно можете да ги додадете во апликацијата Здравје. Исто така, во случајот на активација на Итниот повик, на избраните контакти ќе им се испраќаат информации за вашата локација, штом таа ќе се промени.

Многу е едноставно:

  1. Отворете ја апликацијата Здравје на својот iPhone.
  2. Одете на табот Здравствена карта.
  3. Притиснете Уреди во горниот десен агол.
  4. Одете на Контакти за итни случаи, и притиснете Додадете итен контакт.
  5. Изберете некого од листата.
  6. Изверете врска или родство.

Повторете ја постапката за сите три контакти.

Како да ги пополните информациите во Здравствената карта

Повеќе не треба да ја носите картичката со своите здравствени податоци во паричникот. iPhone ви овозможува на елегантен начин да го известите здравствениот персонал за сите важни информации. Потребни ви се само три минути да ги внесете тие податоци, но тие можат буквално да ви го спасат животот. Доволно е да:

  1. Ја отворите апликацијата Здравје и да притиснете на табот Здравствена карта.
  2. Допрете Уреди.
  3. За вашата Здравствена карта да биде достапна и од Заклучениот екран, вклучете Прикажи кога е заклучено.
  4. Внесете ги сите важни информации за здравјето, како датумот на раѓање, висина, тежина, крвни групи, алергии, болести и статуси за донирање на органи.
  5. Притиснете ОК.

Како да го прилагодите Итен повик на iPhone

Во секое јавно превозно средство имате копче за итни слуачи, кое јасно ја доловува повеќезначноста на секоја таква функција. Копчето е заштитено со стакло, кое морате некако да го скршите за да дојдете до копчето. Со други зборови, не може да се притисне случајно. Стаклото лесно се крши, па во вистинските итни случаи можете брзо да дојдете до копчето. За тоа размислуваше и Apple, па постои уште една поставка врзама со Итните повици.

iOS ви нуди паметен начин да ги повикате итните служби, без привлекување на внимание. Се работи за опцијата Автоматско бирање, а се покренува така што пет пати по ред ќе го притиснете страничното копче. Исто така, можете да го активирате и со истовремено притискање и допир на страничното копче и било кое копче за гласност.

Но, се испостави дека кои корисници се нервозни и ги притискаат копчињата на уредот, а да не се ни свесни за тоа. Поради тоа, експертите на Apple се досетија уште една корисна функција – звук на одбројување. Ако ја покренете опцијата за Итен повик, автоматски ќе се вклучи тој звук и ќе имате три секунди да го поништите.

Секако, постои и дилема. Можете да изберете Автоматско бирање за лесно да ги повикате итните слуќни и да и дадете предност на сигурноста над можните ризици. Од друга страна, ова одбројување значи дека вашиот повик нема да биде скриен. На вас е да одлучите што ќе подесите:

Вака можете да го исклучите автоматското бирање:

  1. Отворете Поставки на iPhone.
  2. Притиснете Итен повик.
  3. Исклучете го прекинувачот кај опцијата Автоматски повикај.

Вака можете да го исклучите звукот на одбројување.

  1. Отворете Поставки на iPhone.
  2. Притиснете Итен повик.
  3. Притиснете го прекинувачот за Звукот на одбројување. Ќе знаете дека е исклучен кога ќе биде со сива боја.

Како да го прилагодите Итен повик на Apple Watch

Watch е продолжение на iPhone, па нема потреба да додавате итни контакти и информации за здравјето посебно и во Watch. Овие податоци автоматски ќе се делат преку апликацијата Здравје. Но, прегледајте ги поставките за стартување на итни повици на Apple Watch.

Според зададените поставки, ќе го активирате Итниот повик со држење на бочноѕо копче, а потоа со повлекување на прелинувачот за Итен повик. Ако сакате да ја активирате оваа функција на полесен начин, можете да ја вклучите опцијата Итниот повик да се покрене само со држење на страничното копче.

  1. Отворете ја апликацијата Watch на својот iPhone.
  2. Одете на Итен повик (во случај да имате iOS постар од iOS 12, најпрвин одете на General).
  3. Вклучете го прекинувачот кај Држи за автоматски повик.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.