imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Погледнете ги сите спектакуларни видеа од вчерашниот Keynote


Иако Apple најави многу нови услуги, ќе мораме малку да го причекаме нивното лансирање. Но, едно е сигурно – на овој Keynote можевме да уживаме во навистина многу спектакуларни видеа.

Keynote е отворен со вистинско ретро видео, кое ја вклучуваше целата историја на компанија и нивната цела производна палета. Иако отсекогаш сум мразел долги воведи, посебно во филмовите, ова видео го гледав два пати по ред. Во целост.

Фотографии кои оставаат без здив и квалитетно резиме, тоа најмногу ми се допаѓа кај Apple News+ услугата. Штета што нема да биде достапнма во Европа. Барем се уште не. Би сакал да читам американски списанија, првенствено поради интерактивните содржини.

И натаму желно го исчекуваме Apple Pay во Маакедонија, но ова е нешто сосема ново. Кога беше претставена оваа услуга, знаев дека тоа е крајот… Apple ги закова своите корисници на најпаметен можен начин. Ендиклопедиски пример на Стокхолмскиот синдром. А потоа таа гравирана титанумска картичка…

Иако главни теми на вчерашната Keynote презентација беа телевизијата и услугите на стриминг, Apple Arcade би можела да биде позначајна услуга во Европа. Првенствено поради јазичните бариери и датумот на лансирање. Погледнете го воведот, ќе имате чувство дека било која од игрите би можела да биде претставена уште денес.

Мислам дека само Apple може да ги доведе ѕвездите како Jennifer Aniston и Steven Spielberg како загревање зa Oprah, која очигледно е некрунисана кралица на шоубизнисот. Овие снимки беа одлична основа за нејзиното излегување на сцената.

Кое видео најмногу ви се допадна?

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.