imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Поканите за овогодинешниот Keynote пристигнаа


Apple неочекувано ги испрати поканите за овогодинешната Keynote презентација за iPhone на претставниците од пресот: датата и локацијата сега се официјално потврдени.

Официјалната покана за овогодинешната iPhone Keynote презентација излезе. Како што веќе очекувавме настанот ќе биде одржан на 12 септември. Местото и времето исто така не не изненадија. Овогодинешната презентација ќе се оддржи во Steve Jobs театарот во седиштето во Купертино, со почеток од 19 часот.

Дизајнот на поканата е прилично мистериозен, за да дојдете до различни препоставки гледајќи во круговите. На прв поглед ние помисливме на Apple Watch дури и кога знаеме дека прилично е невозможно да добиеме часовник со кружен облик. Кога малку подобро размисливме околу тоа, заклучивме дека златните кругови може се однесуваат на Apple Park, кој изгледа потполно исто.

Што очекуваме?

Според нашето мислење, 12 септември ќе биде датум кога сите трачеви ќе престанат и кружат веќе подоллго време. Apple ќе претстави три нови iPhone модели, а постои и можност дека ќе ја претстави и четвртата генерација на Apple Watch. Заедно со нив може ќе го најават и ажурирањето на хардверот на iPad Pro и понудата нa Mac уредите. Следете не на iMagazin за повеќе информации за овогодиншниот Keynote.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.