imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Pokémon GO, Апликацијата која го запали цел свет!


Речиси секој има слушнато за Pokémon. За оние кои немаат слушато – Pokémon е една од најпопуларните игри на јапонската компанија Нинтендо. Во неа, играчот оди низ мапата и лови мали, слатки Покемони, но подоцна се судира со други тренери, со цел да стане најдобар Покемон тренер во светот.

Доста време помина од кога првата Покемон игра ја виде светлината на денот, но и неоспорен е фактот дека светот се промениво меѓувреме. Сега, благодарение на GPS и на Гугл мапите им се овозможува на играчите во реалниот свет да играат Покемон и да се натпреваруваат едни против други.

Што е, всушност Pokémon Go?

Ако сте биле на море и сте уживале во вашиот одмор без следење на досадни теми, кои се појавуваат на интернет во последно време, веројатно сте ја прескокнете почетната Pokémon GO треска.

Нинтендо во соработка со Niantic Labs разви нова Pokémon игрa и во релативно краток временски период стигна до првото место на App Store и Google Play, каде што продолжува да ги поместува границите и сите рекорди на популарност. Pokémon GO манија ја зафати светот.

pokemon-go-nick_statt-screenshots-1.01

Основната идеја на играта останува иста како и претходно. Лов на Покемони, обука на нив и натпреварар против другите играчи. Она што ја разликува Pokémon GO од другите Покемон игри (и повеќето други игри во целина) е тоа што се се случува – во реалниот свет! Ова значи дека Покемони не се појавуваат на вашиот телефон сами од себе, туку мора да се излезе и да се истражува градот во потрага по нив.

Ајде да видиме што нуди самата апликација и како тоа всушност функционира.

Да се игра потребно е да се најавите преку вашиот Google профил. Pokémon Go сите податоци ги синхронизира со серверот, па дури и ако го промените вашиот уред што го користите, напредокот во играта ќе биде зачуван и веднаш може да се продолжи да се игра, без прекин.

Кога ќе се регистрирате ќе треба да го изберете вашиот виртуелен херој. Опции кои може да ги менувате се полот, облеката, бојата на косата, очите и кожата. Кога ќе завршите со креирањето на херој или хероина, ќе се пронајдете на мапата.

pokemon-go-nick_statt-screenshots-2.0

Пренесена од Google Maps, самата мапа е прилично стилизирана и минималистичка. На неа можете да видите улици, иако без имиња кои делуваат како да се од светот на Покемон. Локации каде што има атракции се означени со PokéStop или Pokémon Gym. Вашиот аватар ќе се движи по екранот како се движите во реалниот простор. Кога ќе се судрите со Покемон, телефонот ќе вибрира. Ако сакате да го фатите ќе треба да притиснете со прстот на него, а потоа “пука” pokeball топката. Имајте на ум дека се доста темпераментни па можат да излезат, па дури и да избегаат од вашата pokeball топка, по што процесот мора да се повтори.

Што е потребно да знаете?

Дури и ако никогаш не сте играле Pokémon, играта е многу едноставна и не е тешко да се сетите на правилата. На почетокот ќе имате избор од неколку Покемони од кои можете да изберете кој ќе биде вашата “маскота”. Различни Покемони живееат во различни средини, а некои се достапни само во одредени области. Велат, ако сакате да фатите Покемон од категоријата на вода, ќе треба да се погледне во околина на река или езеро. Ако сакате да имате комплетна колекција, најверојатно, ќе мора да се испита целата Ваша непосредна и посредна околина, а можеби и пошироко.

pokemon_go_5a
Се препорачува при првото стартување на играта во подесувањата да вклучите Battery Saver бидејќи барањето користи GPS технологија, која користи многу батерија. Затоа не е изненадувачки што продажбата на футроли со дополнителна батерија за мобилни телефони одеднаш скокна.

Покемоните се распоредени низ градот, но најголема шанса за пронаоѓање на нив е да имате во близина PokéStop локации, кои обично претставуваат една локална знаменитост во центрите на големите градови.

Како што се движите наоколу во реалниот свет, така се движи и вашиот карактер на мапата во играта. Како што веќе е наведено, кога ќе се доволно блиску, вашиот телефон ќе вибрира и Покемон ќе се појави на екранот. Очигледно е дека Nintendo мислел за безбедноста на корисниците, бидејќи може да биде доста опасно додека одат или се возат низ градот загледани во телефонот. Со можноста за вибрации ќе го користите вашиот телефон само кога ќе треба да се фати Покемон. Сепак, морам да ве известам дека дури и кога мислите дека сте безбедни додека сте во потрага наПокемони да обрнете внимание на вашата околина, особено во прометни улици.

Избор на тим

Кога ќе стигнете до петтото ниво ќе имате можност за посета на теретаната, тн. Pokémon Gym и да се приклучите на еден од трите тимови: жолт (инстинкт), црвен (храброст) или син (Mystic). Не е толку битно кој тим ќе изберете, само препорачуваме дека ако играте со вашите пријатели и тие да се приклучат во ист тим, иако тоа зависи од тоа каков начин на игра сакате – заедно или едни против други. Во секој случај, кога ќе го изберете Вашиот тим Вие може да се натпреварувате заедно со членовите на тимот против играчи од другите тимови.

Во текот на игратата Покемоните треба да се обучуваат и да станат посилни, па со тек на време може да се добие прилично силен и моќен Покемон.

Поентата на играта?

Поентата на Pokémon GO играта секако, не е само лов на Покемони, тренинг и натпреварување со другите играчи, но, исто така, подобро спознавање на вашата околина и градот во кој живеете. Тоа може да звучи глупо, но на картата се означени и најмалите “атракции”, кои често дури да и не ги забележуваме ние кога поминуваме покрај нив на пат кон работа или на училиште, па и самиот процес на запознавање со “добро познатиот град” e прилично магичен.

LIFESTYLE-USJAPAN-IT-NINTENDO-POKEMON

На крајот сакам да споменам и неколку непријатни настани кои следеа по појавата на играта. Играчот од државата Вајоминг САД кога бил во потрага на Покемони наишол на телото на еден човек кој се удавил ден порано (не е познато дали тој играл Покемон), додека во државата Мисури разбојници измамиле играчи со ветувања дека имаат Покемони и ги ограбиле. Од другата страна на светот, во Австралија, полицијата побара играчите да не влегуваат во полициската станица во потрага за ретки Покемони.

Полициска станица во градот Манчестер во американската држава Њу Хемпшир САД објави на својата страница на Фејсбук дека супер редок Покемон се крие во нивната зграда, но дека поради високата побарувачка принудени се да се креира листа на корисници кои можат да влезат. Интересна коинциденција, оваа листа е идентична на листата на најбарани лица. Кој би претпоставил?

За жал, апликацијата се уште не е официјално достапна и во Македонија. Сепак, Покемон GO може да игра без никаков проблем тука, а ние препорачуваме да користите App Store од некои од земјите од каде што играта може да се симне или ако користите Android .apk датотеката може да се најде на интернет.

Среќно пребарување и бидете внимателни!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!