imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Порано или подоцна, само на Apple ќе му се исплати да продава таблет уреди


IDC го објави најновиот извештај на индустријата, во кој можеме да прочитаме за падот на глобалниот пазар на таблет уредите. Само две компании успеаја да остварат раст, а една од нив е Apple.

Како што сите знаеме и чувствуваме: ерата на таблет уреди е во пад. И всушност станува се полошо и полошо. Поточно, претходниот Q2 беше 15. во кој падот може да се мери во поглед на продажбата. Значи, зборуваме за континуиран пад во последните три години.

Тогаш вредноста на падот изразена во проценти се обележуваше само со еден број, но од оваа година, може да биде изразена со два броја. Во вториот квартал, само 33 милиони таблети успеаја да пронајдат сопственик, што е 5 милиони помалку во однос на истиот период минатата година. Тоа е пад од 13,5 проценти.

Што е прилично тажно.

 

Мислам, тоа зависи. Тука се Apple и Huawei, кои не се заморуваат со бројки, бидејќи се чувствуваат прилично добро, и покрај падот на пазарот. Тие се единствени на пазарот кои успеале да оставарат раст, ништо големо, но сепак раст.

Во поглед на продадените производи, Apple успеа да ги зголеми минатогодишните 11,4 милиони на 11,5 милиони продадени уреди. Со тоа, можат да измерат раст од 0,9 проценти и за возврат добиваат поголем удел на пазарот: iPad уредите сочинуваат 34,9 проценти од вкупно продадените таблети.

Што се однесува до Huawei, тие можат да измерат уште поголем раст. Го зголемија минатогодишниот број од 3,1 милиони на 3,4 милиони, што значи раст од 7,7%, изразено во проценти. И покрај убавите броеви, нивниот удел на пазарот е прилично низок во однос на Apple, бидејќи изнесува само 10,3 проценти. Amazon се соочи со најголем пад од 33,5%, но ни Samsung не може да биде задоволен со падот од 16,1 проценти.

Сето ова го дознавме од најновиот извештај на Меѓународната корпорација за податоци. Вишиот истражувачки аналитичар на IDC, Jitesh Ubrani ја објасни моментната ситуација на начин дека бизнис и приватните корисници залудно покажале интерес за хибрид уредите помеѓу лаптоп и таблет, бидејќи немало поевтини и поефикасни алтернативи, така што овие корисници можеле да изберат само поевтини PC уреди.

Или iPad, ако ги земеме во обзир овие броеви…

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.