imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Поседувањето на iPhone е највидлив знак за богатство


Ново Aмериканско истражување донесе умерено изненадувачки резултати: ако поседувате приличн скап смартфон, тоа може да покаже дека сте богати и дека дефинитивно имате висок приход.

Националното биро за економски истражувања го спореди однесувањето и медиумското конзумирање на американските потрошувачи со различните демографски фактори на САД и извлече прилично интересен заклучок од споредбата.

Истражувањето беше спроведено од Marianne Bertrand и Emir Kamencia, економисти на Универзитетот во Чикаго, кои ги користеа податоците анкетата на Mediamark Research Intelligence, во која учествуваа 6394 поединци.

Двајцата економисти заклучија дека iPhone е најдобар бренд кој укажува на имашност. Ако некој поседувал iPhone во 2016 година во САД, со 69,1 проценти сигурност може да се заклучи дека лицето има прилично високи примања. Истражувачите ги опишуваат високите примања како “припаѓање во врвот на квартил на примањата за домаќинства од ваков тип”. Понатаму, iPad исто така е одличен знак за богатство, и тоа може да го предвиди со 66,9 отсто сигурност.

Да резимираме, може да се заклучи дека: ако поседувате луксузен предмет, сигурно е дека на крајот на месецот не се грижите за плаќање на сметките. Колку сме навистина среќни што сега имаме и потврда за тоа…

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!