imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Повлечете ги своите пораки во Messenger


Како никогаш пијани да не сте му изјавиле љубов некому… На пат е нова супермоќ со која ќе можете да бидете како Zuckerberg.

Услугите за размена на инстант пораки (WhatsApp, Viber, Messenger, Telegram, SnapChat, итн.) на социјалните мрежи имаа мноштво различни функции во минатото. Но, денес сите се исти.

Следен на ред е Facebook Messenger кој доби опција за повлекување на пораките. Навистина не гледам како тоа би можело да биде корисно за мене, но тврдат дека тоа е многу популарна и барана функција. Така што, ако случајно испратите погрешна фотографија на погрешно лице, или едноставно се предомислите, ќе можете да ја избришете порака која сте ја испратиле и во вашиот и во четот на примателот.

Многумина забележаа дека времето за повлекување е ограничено на 10 минути. Што и не е толку многу во однос на 60 минути, колку што изнесува ограничувањето во WhatsApp. Новата функција наскоро ќе биде достапна за се повеќе и повеќе корисници.

Би било уште подобро кога би можеле да ги направат профилите посигурни или кога би овозможиле уредување на твитовите, што милиони корисници го бараат веќе со години. Инаку, на другите колеги навистина им се допадна новото ажурирање на Facebook.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.