imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Прегледајте лесно Photoshop фајлови на Mac


Различните облици на фајлови можат да предизвикаат сериозни главоболки во текот на нивното отворање. Имаме неколку совети за преглед на .psd фајлови без користење на Photoshop.

Kako што знаете, Photoshop е водечки софтвер на компанијата Adobe и со текот стана индустриски стандард. Било да се работи за меркетиншки или комуникациски задачи, дизајнирање или уредување на едноставен PDF, насекаде се сретнуваме со Photoshop. Присутен е дури и во филмската индустрија. Како швајцарски нож е, чие користење е неизбежно.

Исклучитечно честиот (и вистински) проблем е што помалите компании мораат да обрнат внимание на својот буџет и купувањето лиценца. Значи, обично оние кои не се активно вклучени во процесот на дизајнирање немаат инсталиран Photoshop на својот компјутер. За среќа, .psd фајловите можат да се прегледаат и без самиот Photoshop. Ќе ви покажеме како:

Отворете го фајлот во Preview

Ако работите на Mac, ќе имате прилично лесна работа. Се што треба да направите е да го отворите фајлот во Preview, изворната апликација во MacOS за преглед на фотографии. Доколку не користите Mac, отворете Preview и пребарајте го .psd фајлот.

Складирање на Google Drive 

Не е најсофистицирано решение, но е најлесно. Било кој оперативен систем да го користите, се што треба да направите е да го складирате .psd фајлот на Google Drive, а тој автоматски ќе се прикаже.

Користете Art Master

Не е најдобра апликација, но е бесплатна и работи совршено. Можете бесплатно да ја преземете во App Store и така лесно да ракувате со .psd фајловите. Уште повеќе, оваа апликација прикажува многу корисни информации во вашиот фајл, како што е точната ознака за бојата, длабочината, висината и ширината на пикселите. И повеќе од задоволителна е.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.