imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Претставен е Apple Watch Series 4


Паметниот часовник на Apple доби многу нови функции, но не помина низ големи промени од своето прво издание.

Највоочлива промена на новата 4. генерација на Apple Watch е без сомневање дизајнот. Од една страна, вообичаените куќишта од 38 и 42 мм пораснаа по 2 милиметри, односно од сега вистинската физичка големина на часовниците ќе биде 40 и 44 милиметри.

Во случај сето тоа да не е доволно, рамката стана уште потенка, а резултатот на тие промени е над 30 проценти поголем екрам, што корисниците навистина ќе го почувствуваат.

Вусшност, не добивме заоблена верзија на часовникот во квадратните рабови се заоблени, создавајќи совршена хармонија со изворниот изглед на куќиштето. А Jony Ive успеа да ги исполни сечиите соништа: куќиштето е нешто потенко од претходно. Одлично!

Меѓутоа, новото ажурирање не е интересно само порадо значајниот редизајн. Сензорите кои можат да се пронајдат на задната страна на часовникот, изработени од црна керамика и сафирни кристали, како и внатрешните сензори, станаа попаметни и попрецизни. Жироскопот ќе може да пружа податоци во реално време значително побрзо, што овозможи нова функција: откривање на пад.

Тоа, ако се оди според планот, автоматски ќе знае дали сопственикот на часовникот паднал и веднаш за тоа ќе ги извести лицата кои сте ги избрале како контакти во случај на нужда. Освен тоа, часовникот ќе може да ги открива атриските фибрилации и да го открие нискиот број на отчукување на срцето кои би можеле да бидат симптоми на срцев удар и други пореметувања. Сосема сум сигурен дека оваа функција ќе ги спаси животите на многу луѓе, да не споменувам дека ваквите чекори на компанијата ја отвораат вратата кон пазарот на постари корисници.

Уште пошокантно – Apple вклучи EKG во часовникот. За да дојде до таа функција, корисникот само треба да го допре Digital Crown (кој конечно доби хаптички повратни информации), а остатокот од работата ќе го изврши часовникот. Очигледно, сепак нема да можеме да се ослободиме од редовните посети на кардиолог, но речиси сигурно е дека она што во основа е забавен електронски уред никогаш не стоел толку блиску до категоријата медицински уреди. Во толкава мерка што дури и FDA ја призна успешната иновација, што се смета за прилично големо постигнување, бидејќи властите прилично строго ги спроведуваат прописите и одредбите.

Мораме да споменеме, но исто така е важно и доаѓањето на новиот S4 процесор, кој од сега ќе работи со две 64-битни јадра. Наводно, дополнителната брзина ќе биде потребна за обработка на податоците од новите сензори. За жал, траењето на батеријата не се промени, веруваме дека Watch би можел да поднесе уште малку сила, но не би требало да се жалиме бидејќи се работи за прилично кул надградба.

Засега не знаеме колку ќе мораме да потрошиме на овој прекрасен уред, но штом ги добиеме точните цени за нашата држава, дефинитивно ќе ја ажурираме статијата.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.