imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Претставен е iPhone XR


За крајот на Keynote презентацијата, третиот iPhone уред што недостасуваше, исто така, беше претставен. Како што се очекуваше, тенки рамки, 6.1-инчен LCD дисплеј, Face ID и прифатлива цена го карактеризираат уредот кој е наменет за успех.

Интересно е тоа што на годинашниот Keynote, објавата на двосмислениот iPhone XR се чинеше дека е попривлечна во споредба со моделите од висока класа. Причината за која велиме дека е двосмислен е тоа што никогаш порано не беше случај Apple да претстави уред кој е многу сличен со high-end моделите, а да има екран со големина од 6,1-инчи и прифатлива цена.

Она што се чини дека е најнедвосмислен компромис во споредба со high-end моделите е самиот дисплеј, кој остана LCD, наместо OLED. Сепак, екранот кој има резолуција од 1792 x 828 пиксели и густина на пиксели од 326 PPI, за возврат има ново име Liquid Retina. Apple истакна дека ова е најдобриот LCD дисплеј поради што можеме да им веруваме. Оваа технологија веќе е темелно тестирана и дисплејот навистина ќе биде прекрасен, без разлика што не е OLED.

Друга работа е дека рамката не е направена од премиум нерѓосувачки челик, туку од класичен алуминиум. 3D Touch технологијата, исто така, е отстранета, што претпоставуваме нема да им недостасува на многумина, но се уште веруваме дека е штета. Како и да е, добивме haptic feedback кој е познат од тракпадот на MacBook Pro, со цел да можеме полесно да живееме во ерата на дизајнот без Home копче. Наместо отпорноста на вода и прашина IP68, го добивме само стандардот IP67, и само една камера на задната страна наместо две.

Во однос на процесорот, во уредот е вклучен истиот A12 како и во случајот на iPhone Xs и Xs Max, така што корисниците дефинитивно нема да се жалат на брзината. Уште еден кул факт е дека е вклучен Face ID со 7 мегапикселната предна камера, па новите сопственици нема да мора да се откажат од користење на Animoji. Теоретски, батеријата ќе може да издржи час и половина, повеќе од батеријата на iPhone 8 Plus, што е прилично забележителен раст.

Како што можеше да се очекува, iPhone XR ќе блесне во многу бои. На пример, во црна, корална, сина, жолта и црвена боја кои изгледаат одлично. Новиот iPhone никогаш не бил достапен во толку многу бои уште од iPhone 5c.

Причината поради која се очекува iPhone XR да биде вистински успешен производ од денешната палета не се само боите и релативно малиот компромис во споредба со high-end моделите, туку и цената. Додека iPhone Xs Max ги шокира масите со својата максимална цена од 1,449 долари (знаете, Max!), почетната цена на iPhone XR – 749 долари која се смета за прилично пријателска, така што дефинитивно ќе стане популарен производ.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.