imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Претставување на новата апликација на Facebook за запознавање


Сосема е логично најголемата светската социјална мрежа да претстави оддел за запознавање на партнери во рамките на својата апликација. А сега знаеме и како ќе изгледа.

Се чини дека Facebook им се враќа на своите корени. Легендата вели дека Цукерберг и неговата екипа изворно почнале да го развиваат овој систем за да добиеме прилика да запознаеме потенцијални партнери за излегување. Меѓутоа, се се развиваше така брзо што во јануари 2018. година на оваа мрежа можеа да се избројат 2,2 милијарди акттивни корисници. Паралелно со тоа, изворната цел се промени и стана политички покоректна – создавање врски меѓу луѓето.

Секако, сето тоа звучни прекрасно и топло, но и натаму е погрешно да не се искористи шансата тие 2,2 милијарди корисници да не го употребуваат Facebook и како страница за запознавање.

Пред два месеца, во текот на F8 конференцијата за програмери, Facebook најави дека веќе работи на тој концепт и дека корисниците наскоро ќе добијат прилика да ја употребуваат платформата и за дејтинг. Сега Jane Manchung Wong, експертка за инженеринг ја откри интерната тестната верзија на услугата и сними неколку скринштотови.

Коментирајќи ја својата објава, Facebook наведе дека моментната верзија е само за тестирање, а не за создавање блиски врски помеѓу вработените. Впрочем компанијата од нив бара да дадат лажни податоци.

Од друга страна, Wong тврди дека успеала да го почне процесот на регистрација, но не и да го заврши. Во секој случај, откриено е дека корисниците ќе имаат прилика да бираат помеѓу повеќе родови идентитети, да ја откријат својата локација и родот на лицата кои ги привлекуваат.

Меѓутоа, мораме да истакнеме дека нема гаранција дека оваа услуга ќе го здогледа светлото на денот. Како и во случајот на Apple, компаниите тестираат бројни производи и услуги, па при тоа откриваат проблем поради кој го откажуваат целиот проект.

Компанијата Match Group, која стои зад Tinder, сигурно би била задоволна кога би се остварило најлошото можно сценарио. Имено, беше доволно само да се прошири глас за Facebook апликацијата за запознавање, па вредноста на акциите на компанијата да се намали за 17 проценти. Сепак, Цукерберг и натаму истакнува дека нивната цел е изградба на долгорочни и искрени односи меѓу луѓето, а не нивното рушење – значи, идејата е поинаква отколку во случајот на Tinder. Но, Цукерберг не може реално да одлучио како корисниците ќе ја употребуваат таа апликација.

Facebook потврди дека објавените фотографии се вистински и дека ја тестираат апликацијата, но не сакаа да поделат повеќе информации.

Извор: The Verge

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.