Програмерите создадоа апликација од 100 мегабајти од поранешниот оперативен систем, кој многу лесно можете да ja инсталирате на вашиот Mac. Целата таа носталгија. Да не споменуваме дека изреките кои се однесуваат на “Ако денес можете да направите само една работа…” никогаш не биле посоодветни.
Нема потреба да трошиме повеќе време на воведот, па поради тоа да погледнеме за што се работи. Felix Rieseberg, програмерот на Slack, одлучи да создаде Windows 95 апликација, само за забава. Таа е практично 130 мегабајти, а добиваме целосен Windows 96, со Solitaire, боење и Minesweeper. Магија.

Единствен проблем е тоа што Internet Explorer не ги вчитува страниците, но за возврат апликацијата има поддршка за floppy. На целата апликација и е потребно само 200 MB RAM, па поради тоа можете да се присетите на старите добри денови на речиси секој компјутер.