imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Принципи или пари – моралните дилеми на технолошките компании


Што би требало да направи компанија со модерни и демократски принципи кога нејзините финансиски интереси ја поттикнуваат да оди против тие темелни начела? Дали навистина целиот технолопки пазар е само лицемерие?

Ако размислувате за моралните дилеми, на прва нема да ги поврзете технолошките компании со нив. Но, ако размислите малку подобро, постојат многу прашања со кои tech дивовите би требало да се соочат, а многу од нив се етички. Како што вујко Бен му рече на Spiderman: со големата сила доаѓа голема одговорност. Дури и ако тоа е само клише, зборовите на вујко Бен можат да се применат и на компаниите.

Тие се установи кои имаат доволно сила, финансиски и човечки ресурси за да го направат светот подобро (или полошо) место. А една работа е сигурна, нивната одлука ќе ги одведе сите во еден или друг правец. Прашањето е само во кој.

Причините зад оваа идеја се неодамнешните вести за тоа дека Google има посебен пребарувач во Кина за листа на сите пребарувања кои веднаш му ги проследија на Baidu (водечкиот пребарувач во Кина), бидејќи Google всушност и не е присутен на пазарот. Засега. Нивната главна цел е во блиска иднина да претстават цензуриран прегледник кој би можел да биде поврзан со идеологијата на Народна Република Кина, каде, на пример, масакрот во Тиананмен не се случил. И исто така не постои.

Сето тоа доаѓа од компанијата која неколку километри подалеку мавта со знамињата на Pride, поради што во споменатата држава би заработиле неколку години затвор. Од компанијата која секое утро на своите вработени им ја рецитира општата Декларација на ОН за човековите права со солзи во очите, пред да ги потсетат на Декларацијата за независност на САД, како и на тоа дека најсиромашните работат за мизерни суми во Азија.

Очигледно, не можеме едногласно да му ја дадеме најголемата награда за лицемерие на Google. Покрај многуте во индустријата, Apple има иста политика.

Дали е сето тоа поради говорот на парите и тоа е се? Накратко: веројатно да. Од друга страна, би можеле да кажете зошто компаниите би се мешале во политиката? Зошто би требало да заземат став или да се занимаваат со прашања кои всушност немаат влијание на нив? Зошто би требало да имаат обединет морален профил ако различноста е присутна во нивната работна сила? Не ли би било подобро кога сите би ја гледале својата работа?

Може ли да се случи компанијата со морални стандарди да не сака да им ги продаде своите производи на членовите на општеството кои имаат поинакви политички ставови, полови, религии? Можете да видите дека тоа е апсурдно. Дали е можно во целост да се одвојат работата и принципите?

Двата погледа имаат свои причини и нема да застанеме на ничија страна. Но, важно е да се размислува за овие дилеми. Што мислите вие? Дали е чесно да им се служи на барањата кои во целост се против сите начела на една џиновска технолошка компанија?

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.