imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Пристигнува iOS 12.1 и донесува многу нови функции


Apple вчера конечно го најави iOS 12.1, надградба која е всушност шлаг на тортата.

Кога Apple ги создава новите функции, тие обично не се вклучени во првата официјална верзија на оперативниот систем. Ни iOS 12 не беше исклучок, па важните нови функции како FaceTime повици, поддршка за Dual SIM и Depth Control не беа вклучени во септемвриската верзија на iOS 12.

Но, сите тие функции пристигнуваат со верзијата 12.1 која ќе биде објавена денеска.

Изненадувачки е што сето тоа Apple го објави на својата официјална страница. Се работи за важно ажурирање, но веројатно не сакаа да го одвлечат вниманието од вечерашниот настан. Ако се помине како што треба, би требало да можете да ја преземете надградбата на сите компатибилни уреди околу 19 часот.

Иако  веројатно ќе бидеме зафатени со новостите поврзани со уредите кои ќе бидат претставени вечерва, немојте да заборавите – денеска пристигнува iOS 12.1

Секако, не смееме да ја заборавиме најважната новост која ја донесува: над 70 нови емотикони!!!!!

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.