imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Пристигнуваат 230 нови емотикони, вклучувајќи го и белото срце


Иако се работи за голем број емотикони, не се сите нови – би било поточно да се каже дека се поразновидни. Ги донесуваме сите на една фотографија.

Организацијата Unicode Consortium избра листа на емотикони за оваа година. Па така, 2019. донесува 230 нови опции, од кои 175 од нив претставуваат луѓе и тела. Во ноември пишувавме за тогашните најнови емотикони и откритието дека во системот постои голема празнина. Имено, емотиконите кои прикажуваат истополови двојки беа достапни само во една боја на кожата. Од сега можете да бирате помеѓу 71 варијација на таа тема.

Еве краток потсетник:

Unicode Consortium е непрофитна организација задолжена за стандардизација на знаците достапни на интернет. Нивната задача е сите тие знаци да бидат унифицирани насекаде во светот. Одлуката во тоа тело воглавно ги донесуваат претставниците на големите технолошки компании. Значи, нов орангутан, коцката мраз која се топи и бионичката рака не се тука затоа што тоа го сакаат Apple или Google, туку се работи за договорена одлука. Секоја компанија може да ги прикаже малку поинаку. Значи, одиме понатаму.

Друга важна тема е прикажувањето на хендикепираните луѓе. Од сега се достапни разни облици на инвалидски количка во женски и машки верзии. Достапни се и ликовите на лицата со потешкотии во видот, кои во рака држат стап, како и лицата со слушни апарати. На крајот, отсега ќе биде достапно и долгоочекуваното бело срце.

Еве ги сите нови варијанти:

Пред да подивеете, еве го видеото на Microsoft од годинашниот Super Bowl.

Значи, дишете длабоко, љубовта е прекрасна, сакајте се! Обрнете внимание едни на други, било да користите емотикони или GIF-ови.

Simon Pegg Wink GIF - Find & Share on GIPHY

via GIPHY

Извор: Emojipedia

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.