imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Пристигнуваат четири нови супер кул Animoji


Четири нови Animoji се додадени во бета верзијата на iOS 12.2, така што отсега можете да користите уште повеќе виртуелни ликови. Им посакуваме добредојде на жирафата, морското куче, бувот и вепарот!

Се чини дека Apple и натаму сериозно го сфаќа проектот на Animoji, што на прв поглед (добро, дури и на втор) би можело да се чини малку глупаво, но во реалноста Animoji ликовите се прилично забавни. Моментно постојат 20 ликови во колекцијата, која ќе биде проширена со 4 дополнителни ликови со доаѓањето на iOS 12.2

Дами и господа, ве молиме да ги поздравите…

Бувот, кој го претставува мојот колега Pat:

Морското куче, кого го претставува нашата колешка и преведувачка, Петра:

Жирафата, која ја претставува втората колешка и преведувачка, Елена:

И вепарот, кој го претставувам јас:

Новите ликови пристигнаа со втората бета верзија на iOS 12.2, чија јавна верзија моментно е достапна, така што можете да ги испробате доколку сакате. Инаку, ќе мора да причекате до март, но само на Animoji, туку и на другите интересни факти, кои исто така ќе бидат откриени оваа пролет…

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.